Дали сакате Вие да бидете волшебникот кој ќе биде одговорен за прекрасните парчиња ткаенини што ќе бидат создадени од Вас? Ако сакате, тогаш нашата обука за Кројач е вистинската шанса за да го преточите Вашиот талент и желба во возбудлива професија која ќе ви донесе одличен приход. Тука сме да Ви ја отвориме вратата кон таа уметност и Вие да станете дел од тој прекрасен свет.

Кројачите се личности кои изработуваат облека според претходно креиран модел. Обезбедуваат конструктивна подготовка, кројат според шаблоните, шијат и доработуваат облека. Кројачот може да работи во индустриски постројки или приватни компании .

Работата на кројачот се состои од следните работни операции:

  • изработка на крој според зададени мерки и модел,
  • поставување и утврдување на материјали,
  • машинско или рачно отсекување на материјалите по шаблони,
  • сортирање и подготовка на скратените делови,
  • составување на скратените делови на финалниот производ со помош на најразличен вид на машини.

Во својот труд кројачот користи различни материјали и прибор, како ткаенини од најразличен состав, кожа, крзно, копчиња, украси и сл.

СОДРЖИНА НА ОБУКАТА

  • Текстилни материјали и нивна употреба;
  • Телесни мерки и работа со кроеви;
  • Модификација на кроеви според телесна градба;
  • Моделирање кроеви со поместување на шевови;
  • Кроење здолниште;
  • Кроење панталони;
  • Кроење блуза.

По завршување на обуката кандидатите се способни да:

  • ја организира својата работа и го контролира основниот и помошниот конфекциски материјал за кроење;
  • Изведува процеси на кроење;
  • ја пополнува техничко технолошката документација и води евиденција;
  • го набавува основниот и помошниот материјал и формира цена на конфекцискиот производ;
  • го контролира квалитетот согласно стандардите и нормативите;
  • врши поправка на производите и се грижи за оптималната исправност на машините и опремата;
  • комуницира со соработниците и се договара со клиентите;
  • ја организира работата на начин на кој не се загрозени безбедноста и животот и здравјето на работното место и пошироката околина.

ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА

  • За лица кои би сакале да работат во рамките на некоја компанија како кројачи;
  • За сите оние кои сакаат да се преквалификуваат за подобро и поисплатливо занимање;
  • За фирми кои сакаат да ги обучат своите вработени;
  • За вработени кои сакаат да стекнат дополнително знаење и да напредуваат во кариерата;

ВРЕМЕ / ЛОКАЦИЈА

  • Почеток на обуката: Веднаш по формирање на група.
  • Каде: Во просториите на  Академија ЦЕС.

ПРИЈАВУВАЊЕ НА ОБУКАТА

Сподели ја обуката:

ОСТАНАТИ ОБУКИ