Project Description

Научете и веднаш почнете со работа!

Единствено во АКАДЕМИЈА Ц.Е.С. ќе научите мадеротерапија од стручен едукатор со високо медицинско образование и дипломиран козметички техничар со  20 години работно искуство во областа на професионалната козметика, со квалификации од областа на дерматологијата, анатомијата, масажата и рехабилитацијата со мадеротерапија.

Услуга која морате да ја имате во вашите салони!

💡Зошто да учите мадеротерапија на тело?

Мадеротерапијата на тело е моментално најефикасната масажа за обликување на телото и отстранување на целулитот. Се заснова на употреба на анатомски специјалнодизајнирани дрвени елементи што ја прави мадеротерапијата 100% природна и без алергиски реакции на кожата. Целта е да се стимулира лимфниот систем и да се отстранат токсините, непропорционално локализираните масни наслаги од телото, да се подобри тонусот на мускулите и циркулацијата, да се обликува и затегне телото, да се отстранат мртвите клетки од кожата и уште многу бенефиции.

💡Зошто да научите мадеротерапија на лице?

Мадеротерапијата на лице е неинвазивна холистичка метода со која се поттикнува синтезата на колаген и еластин, се затегнува кожата и има лифтинг ефект, длабински ја чисти и трајно го менува тонусот на кожата на лицето, вратот и деколтето, се обработуваат брчките, се ослободуваат токсините, се зголемува снабдувањето со кислород, помага во лечењето на акните и уште многу придобивки.

ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА

  • За сите оние кои сакаат да градат кариера во областа на Козметичкиот занает
  • Невработени лица кои сакаат да научат занает и да добијат можност за вработување
  • Сите оние кои сакаат да се преквалификуваат а со тоа и можност за нова или дополнителна работа

Потребни предзнаења

Не е потребно – само воља и желба за лична промена и личен напредок

ВРЕМЕ / ЛОКАЦИЈА

  • Локација: Во просториите на Академија ЦЕС
  • Термини  по договор

ПРИЈАВУВАЊЕ НА ОБУКАТА

Контакт телефон – (02) 3232 510 или 078 339 502

Сподели ја обуката:

ОСТАНАТИ ОБУКИ