Функциите и обврските на магационерот вклучуваат примање и процесирање на пристигнатата стока и материјали, набавување и спроведување на нарачки, пакување и испорака на нарачки, како и управување, организирање и превземање на дејствија во магацин.
Со обуката за магационери Вие ќе се обучите да станете професионалец во ова занимање, ќе поминете обука од стручни предавачи и ќе ги развиете Вашите вештини за организација. Работата во магацин подразбира правилно ракување со робата која се сместува во магацин до натамошна дистрибуција. Доколку природата на работата е таква што во магацинот се остава разновидна роба, магационерот мора да води сметка за нејзно правилно сортирање и одвојување на оваа роба којашто не е погодна за чување со останатата.
Запаливата, кршливата и робата подложна на брзо расипување се чува на посебен начин. Магационерот е задолжен за прием и издавање на роба од магацинот за што води посебна евиденција. Познавањето на работата со компјутери на магационерот му овозможува последно следење на состојбата на робата во магацинот. Според потребата се врши и попис на робата во магацинот.
ЦЕЛТА Е ВАША, НАПРАВЕТЕ ГО ПРВИОТ ЧЕКОР!
СОДРЖИНА НА ОБУКАТА
Опис на програмата
- Грижа за магацин;
- Евиденција на влез и излез на роба;
- Евиденција на состојба на роба;
- Распоредување на роба во магацин;
- Грижа за рокот на траење на соодветна роба;
- Вршење попис на роба.
ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА
- За лица кои би сакале да работат во рамките на некоја компанија како магационери;
- За фирми кои сакаат да ги обучат своите вработени;
ВРЕМЕ / ЛОКАЦИЈА
- Локација: Во просториите на Академија ЦЕС и во компанија за практична работа
- Дата на почеток-веднаш по оформување на група
СЕРТИФИКАТ
Кандидатите, кои успешно ќе ја завршат обуката добиваат сертификат за стекнати знаења, вештини, способности и компетенции за професијата Магационер.
ПРИЈАВУВАЊЕ НА ОБУКАТА
Сподели ја обуката:
ОСТАНАТИ ОБУКИ
Обука за естетичар за нокти
Програмата “ЕСТЕТИЧАР ЗА НОКТИ – ДЕКОРАТИВЕН МАНИКИР ” е насочена кон стручно оспособување на кандидатите од областа на козметиката.