Project Description
За да се занимаваме со фризерски занает на вистински начин не е доволно само да завршиме обука за фризер, како што многумина мислат. Факт е дека клиентите одат во фризерски салони само за да добијат најдобро негувана коса и фризура, туку и затоа што имаат меѓусебен заеднички однос со својот фризер кој е полн со разбирање и почит према нив и прави да се чувствуваат како звезди.
Баш тоа е и основната причина поради која клиентите се враќаат повторно баш во тој салон. Токму поради тоа за време на обуката и курсот за женски фризер организиран од страна на ЦЕС посебно внимание се посветуваме на совладување на комуникацијата и односот со клиентите, како би се створил посебен однос помеѓу нив и истиот би се одржувал континуирано
Обуката за Женски Фризер опфаќа обука на учесниците за целосно изучување на фризерскиот занает, од основите на занимањето, обликување на коса, техники на фенирање, шишање, бојадисување како и правење фризури, се разбира тоа е само дел од знаењето и вештините кои ќе ги совлада секој слушател. Користиме најсовремени техники и методи кои се во тренд со светските модни текови во фризерскиот занает
Програмата се состои од теоретски дел на обуката и 90% практична работа на модели и кукли со вклучени материјали за работа,во опремена фризерница
Основната цел на обуката е учесниците да се стекнат со суштински и практични разбирања за професијата Женски Фризер, а по нејзиното успешно завршување ќе бидат оспособени да:
- Ја разберат суштината на професијата Фризер
- Организира простор и работа во фризерски салон,
- Подготвува работното место и клиент,
- Проценува состојба на коса, мие и регенерира коса и скалп,
- Обликува и фенира коса
- Потстрижува коса,
- Подготовува коса за боење и белење,
- Бои, бели и шатира коса според најмодерни современи техники и методи
- Изработува најразлични фризури, свечена, секојдневна, модерна и.т.н
СОДРЖИНА НА ОБУКАТА
- МОДУЛ 1 – ОСНОВИ НА ЗАНИМАЊЕТО
- МОДУЛ 2 – ОРГАНИЗАЦИЈА НА РАБОТА ВО ФРИЗЕРСКИ САЛОН
- МОДУЛ 3 – МИЕЊЕ И НЕГА НА КОСА И СКАЛП
- МОДУЛ 4 – ФЕНИРАЊЕ, ОБЛИКУВАЊЕ И ОНДУЛАЦИЈА НА КОСА
- МОДУЛ 5 – ПОТСТРИЖУВАЊЕ НА КОСА ( ВИДОВИ, ТЕХНИКИ, МЕТОДИ)
- МОДУЛ 6 – БОЕЊЕ И БЕЛЕЕЊЕ НА КОСА ( МОДЕРНИ НАЧИНИ НА БОЕЊЕ)
- МОДУЛ 7- ИЗРАБОТКА НА ФРИЗУРИ ( СЕКОЈДНЕВНА, СВЕЧЕНА И.Т.Н)
Програмата за обука се состои од теоретски дел на обуката и 90% практична работа на модели и кукли со вклучени материјали за работа, во опремена фризерница
ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА
- За сите оние кои сакаат да градат кариера во областа на Фризерскиот занает
- Невработени лица кои сакаат да научат занает и да добијат можност за вработување
- Сите оние кои сакаат да се преквалификуваат а со тоа и можност за нова или дополнителна работа
Потребни предзнаења
Не е потребно – само воља и желба за лична промена и личен напредок
ВРЕМЕ / ЛОКАЦИЈА
Локација: Во просториите на Академија ЦЕС
СЕРТИФИКАТ
Кандидатите, кои успешно ќе го завршат курсот добиваат сертификат за стекнати знаења, вештини, способности и компетенции за професијата ФРИЗЕР – основно ниво.
Сертификатот има статус на државна диплома – признаена во земјата и во странство.
Разлика помеѓу државен сертификат и сертификат од фирма
Со државен сертификат можеш:
- Да се вработиш како квалификуван фризер
- Можеш да отвориш сопсвен бизнис со лиценциран признаен сертификат
- Да учиш по програма одобена според сите државни образовни стандарди
- Нема да те прогонуваат инспекции, бидејќи ќе имаш лиценца за работа
Со сертификат од фирма
- Неможеш да се вработиш како фризер- бидејќи немаш соодветна лиценца
- Добиваш сертификат само со печат од фирмата
- Неможеш да отвориш сопствен бизнис бидејки немаш соодветна лиценца
- Учиш по програма која не е одобрена од институција туку од некој кој сам ја напишал и пред се не е верификувана од надлежни институции.
- Ке имаш проблем со инспекција- бидејќи немаш лиценца за работа
- Сето тоа ќе резултира со губење време и насочување на паричните средства на несоодветно место, а времето ни е најдрагоценото нешто
ПРИЈАВУВАЊЕ НА ОБУКАТА
Добиениот сертификат од оваа обука има статус на државна дипломa- Единствени признаени дипломи во земјата и во странство
Контакт телефон –078 339 502 или (02) 3232 510
Академија ЦЕС како дел од програмата Еразмус + спроведува стручни обуки и надвор од
земјата, па така голем број кандидати кои поминале обука во Академија ЦЕС имаат
можност на посетат напредна обука за фризер, козметичар, естетичар за нокти и слично
во европска држава како Италија, Португалија, Бугарија, Германија, да добијат европски
сертификат, да стекнат дополнителни напредни вештини и знаења за професијата, да
разменат интернационално искуство, и со тоа да бидат конкурентни на пазарот на труд и
привлечни за конкуренцијата.
Сподели ја обуката:
ОСТАНАТИ ОБУКИ
Обука за естетичар за нокти
Програмата “ЕСТЕТИЧАР ЗА НОКТИ – ДЕКОРАТИВЕН МАНИКИР ” е насочена кон стручно оспособување на кандидатите од областа на козметиката.