Слатките отсекогаш биле на менијата на различни угостителски објекти што го прави ова занимање секогаш побарувана на пазарот на трудот.
Од одбраните намирници слаткарот прави и декорира разни слатки и често Ве наведува пред излогот во кој се изложени колачи и други слатки да поминете многу повеќе време во двоумење што да одберете.
Слаткарот треба да ги познава начините на изработка на традициоанлни слатки, но и да ги следи современите трендови во изработка на слатки и да ја прилагодува нивната изработка на денешниот вкус и побарувачката на потрошувачката.
Хигиената на работниот простор и свежината на намирници од кои се подготвуваат слатки се предуслов за квалитетна и успешна работа на слаткарот.
Дозволете на професионалци да се погрижат за Вас и да ви ја дадат потребната обука .
Направете го првиот чекор и пријавете се за оваа обука. Другото е наша грижа.
ЦЕС како дел од програмата Еразмус + спроведува стручни обуки и надвор од земјата, па така голем број кандидати кои поминале обука во ЦЕС имаат можност на посетат напредна обука за готвач, слатка, пекар и сл.во Европска држава како Италија, Португалија, Бугарија, Германија и.т.н да добијат европски сертификат, да стекнат дополнителни напредни вештини и знаења за овие професии, да разменат интернационално искуство, и со тоа да бидат конкурентни на пазарот на труд и привлечни за работодавците.
Опис на програмата
Програмата овозможува работно оспособување за Подготвувач на слаткарски производи-Слаткар и опфаќа стручно теоретски содржини кои се реализираат во опремен/а училница/кабинет и се во функција на практичната обука која пак се изведува во опремена слаткарска работилница.
По успешното завршување на програмата учесникот ќе се стекне со знаење, вештини и компетенции за самостојно подготвување на слаткарски производи. Учесникот ќе се оспособи:
- да подготвува и организира сопствената работа;
- ракува и правилно користи апарати, уреди, машини и инвентар во слаткарница;
- користи стручна терминологија при работа; применува правила, прописи и НАССР систем за хигиено-техничка заштита при работа ;
- класификува поделба и примена на продукти според потекло;
- применува начини за подготвување производи од слатки теста кои се различни во процес на изработување;
- подготвува десерти со различна техника и процес на работа;
- приготвува кремови, полнила, преливи, глазури од различна област;
- пече и филува пандишпан маси за изработување торти, мињони, пасти; комбинира начини за подготовка на ситни колачи различни по состав, вкус и изглед; користи рецептури за подготовка на ладни и топли десерти;
- применува рецептури на десерти со темперирана чоколада;
- моделира, декорира и развива креативност при изработување на готови производи;
- комуницира со клиенти и соработници;
- работи во согласност со нормативи и прописи за заштита на работната средина и околина;
- ги познава правата од работен однос и можностите за отворање и водење на сопствен бизнис;
- развива работни, хигиенски навики, одговорност при работа во слаткарница и позитивни ставови кон угостителската дејност.
По завршувањето на обуката учесниците полагаат завршен испит. Учесниците кои успешно ќе го положат завршниот испит се стекнуваат со сертификат за Подготвувач на слаткарски производи-СЛАТКАР по верифицирана програма.
СОДРЖИНА НА ОБУКАТА
- МОДУЛ 1: КАРАКТЕРИСТИКИ НА РАБОТАТА ВО СЛАТКАРНИЦА И ОРГАНИЗАЦИЈА НА РАБОТНОТО МЕСТО
- МОДУЛ 2: КЛАСИФИКАЦИЈА И ПОДГОТОВКА НА ПРОДУКТИТЕ ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА СЛАТКАРСКИ ПРОИЗВОДИ
- МОДУЛ 3: ПРОИЗВОДСТВО НА ДЕСЕРТИ
- МОДУЛ 4: ДЕКОРАЦИЈА НА ГОТОВИ ПРОИЗВОДИ
- МОДУЛ 5: ЗАШТИТА НА РАБОТНАТА И ЖИВОТНА СРЕДИНА, ДЕЛОВНО КОМУНИЦИРАЊЕ И БИЗНИС
ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА
- За лица кои би сакале да работат во рамките на некоја компанија како Подготвувач на слаткарски производи-СЛАТКАР;
- За сите оние кои сакаат да се преквалификуваат за подобро и поисплатливо занимање;
- За фирми кои сакаат да ги обучат своите вработени;
- За вработени кои сакаат да стекнат дополнително знаење и да напредуваат во кариерата
ВРЕМЕ / ЛОКАЦИЈА
- Почеток на обуката: Веднаш по формирање на група.
- Каде: Во просториите на Академија ЦЕС.
СЕРТИФИКАТ

СЕРТИФИКАТ

Кандидатите, кои успешно ќе го завршат курсот добиваат сертификат за стекнати знаења, вештини, способности и компетенции за професијата СЛАТКАР.
Сертификатот има статус на државна диплома – признаена во земјата и во странство.
Разлика помеѓу државен сертификат и сертификат од фирма
Со државен сертификат можеш:
- Да се вработиш како квалификуван Подготвувач на слаткарски производи – Слаткар
- Можеш да отвориш сопсвен бизнис со лиценциран признаен сертификат
- Да учиш по програма одобена според сите државни образовни стандарди
- Нема да те прогонуваат инспекции, бидејќи ќе имаш лиценца за работа
Со сертификат од фирма
- Неможеш да се вработиш како Подготвувач на слаткарски производи – Слаткар – бидејќи немаш соодветна лиценца
- Добиваш сертификат само со печат од фирмата
- Неможеш да отвориш сопствен бизнис бидејки немаш соодветна лиценца
- Учиш по програма која не е одобрена од институција туку од некој кој сам ја напишал и пред се не е верификувана од надлежни институции.
- Ке имаш проблем со инспекција- бидејќи немаш лиценца за работа
- Сето тоа ќе резултира со губење време и насочување на паричните средства на несоодветно место, а времето ни е најдрагоцено нешто
ГАЛЕРИЈА
ПРИЈАВУВАЊЕ НА ОБУКАТА
Сподели ја обуката:
ОСТАНАТИ ОБУКИ
Обука за естетичар за нокти
Програмата “ЕСТЕТИЧАР ЗА НОКТИ – ДЕКОРАТИВЕН МАНИКИР ” е насочена кон стручно оспособување на кандидатите од областа на козметиката.







