Да се биде рецепционер/рецепционерка, може да биде неверојатно исполнет пат во кариерата, со голем потенцијал за добра заработка. Ако барате нешто ново и возбудливо, нешто наградувачко, забавно и со големи можности ова е совршената обука за Вас. Ние ќе Ве воведеме во забавната приказна да се биде рецепционер/рецепционерка! Рецепционерот/рецепционерката е лицето на една компанија коешто го остварува првиот бизнис контакт со клиентите и затоа неговата улога е од огромно значење за една компанија. Работејќи како рецепционер/рецепционерка, ќе можете да ги развиете Вашите вештини на неверојатен начин.
Програмата за обука на Рецепционер/рецепционерка има за цел стекнување на професионални квалификации на учесниците на истата преку утврдени тематски целини кои опфаќаат работни задачи на рецепционер/ рецепционерка во хотел. Програмата вклучува теоретски и практични часови преку кои учесниците ќе се стекнат со знаења и вештини потребни за оспособување да работат како рецепционери.
ДОЗВОЛЕТЕ НИ ДА СМЕ ТУКА ЗА ВАС И ЗАЕДНО ДА ЈА ОСТВАРИМЕ ЦЕЛТА!
Теоретскиот дел содржи тематски целини со кои учесниците се стекнуваат со потребните знаења предвидени во содржината, специфични за туристичката дејност, и истите се однесуваат на реални работни задачи и активности кои ги извршува лице рецепционер во хотел. Практичниот дел од програмата подразбира реализација на практично работење на работните задачи на рецепционер/ рецепционерка, а заради стекнување на практични знаења и демонстрирање на истите во пракса. Во овој дел се обезбедува реално работење во реални услови.
Наставната програма за Рецепционер/ рецепционерка е наменета за лица кои сакаат или имаат потреба од стекнување на основни познавања, но и вештини заради полесно вклучување на пазарот на трудот, и квалификација и/или доквалификација на нивното образование и знаење. Можноста за напредување е во степенот на нивната доквалификација преку оваа програма која треба да придонесе за полесно вклучување на учесниците на пазарот на трудот во Република Македонија.
НИКОГАШ НЕ Е ДОЦНА ДА СТАНЕТЕ ТОА ШТО САКАВТЕ ДА БИДЕТЕ!
СОДРЖИНА НА ОБУКАТА
Опис на програма:
- Развој на позитивна ориентација;
- Тим и тимска работа;
- Развој на национална и верска толеранција и почитување на националните навики и обичаи на гостите;
- Комуникација со гости, соработници и корисници на услугите;
- Развој на вештини за надминување на конфликтни ситуации со почитување на принципот „гостинот е секогаш во право“;
- Развој на одговорен однос кон задачите и работното време;
- Компромис, толеранција и професионалност во работењето;
- Поим за современа организација на хотелот.
По завршување на обуката кандидатите се способни да:
- Подготвува, организира и извршува работни задачи;
- Рационално користи материјали, опрема и време;
- Комуницира со соработници и корисници на услуги на странски јазик;
- Користи компјутерска технологија и софтверски алатки за реализација на работните задачи;
- Применува принципи на работна култура во комуникацијата со деловни партнери, клиенти и соработници;
- Резервира и издава сместувачки капацитети;
- Прима, сместува и испраќа гости;
- Информира и советува гости;
- Пресметува и наплатува услуги;
- Врши телефонски услуги;
- Ракува со собните картици (клучеви);
- Подготвува извештаи и статистички прегледи;
- Обезбедува квалитет на работата на помошниот персонал;
- Врши надзор на работењето на помошниот персонал;
- Применува мерки за заштита на клиентите и околината, во согласност со хигиенско-технички, противпожарни и други заштитни мерки.
ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА
- За лица кои би сакале да работат во рамките на некоја компанија како Рецепционери;
- За сите оние кои сакаат да се преквалификуваат за подобро и поисплатливо занимање;
- За фирми кои сакаат да ги обучат своите вработени;
- За вработени кои сакаат да стекнат дополнително знаење и да напредуваат во кариерата.
ВРЕМЕ / ЛОКАЦИЈА
- Почеток на обуката: Веднаш по формирање на група.
- Каде: Во просториите на Академија ЦЕС.
ПРИЈАВУВАЊЕ НА ОБУКАТА
Сподели ја обуката:
ОСТАНАТИ ОБУКИ
Обука за естетичар за нокти
Програмата “ЕСТЕТИЧАР ЗА НОКТИ – ДЕКОРАТИВЕН МАНИКИР ” е насочена кон стручно оспособување на кандидатите од областа на козметиката.



