Project Description

Да се биде рецепционер/рецепционерка, може да биде неверојатно исполнет пат во кариерата, со голем потенцијал за добра заработка. Ако барате нешто ново и возбудливо, нешто наградувачко, забавно и со големи можности ова е совршената обука за Вас. Ние ќе Ве воведеме во забавната приказна да се биде рецепционер/рецепционерка! Рецепционерот/рецепционерката е лицето на една компанија коешто го остварува првиот бизнис контакт со клиентите и затоа неговата улога е од огромно значење за една компанија. Работејќи како рецепционер/рецепционерка, ќе можете да ги развиете Вашите вештини на неверојатен начин.

Програмата за обука на Рецепционер/рецепционерка има за цел стекнување на професионални квалификации на учесниците на истата преку утврдени тематски целини кои опфаќаат работни задачи на рецепционер/ рецепционерка во хотел.  Програмата вклучува теоретски и практични часови преку кои учесниците ќе се стекнат со знаења и вештини потребни за оспособување да работат како рецепционери.

ДОЗВОЛЕТЕ НИ ДА СМЕ ТУКА ЗА ВАС И ЗАЕДНО ДА ЈА ОСТВАРИМЕ ЦЕЛТА!

Теоретскиот дел содржи тематски целини со кои учесниците се стекнуваат со потребните знаења предвидени во содржината, специфични за туристичката дејност, и истите се однесуваат на реални работни задачи и активности кои ги извршува лице рецепционер во хотел. Практичниот дел од програмата подразбира реализација на практично работење на работните задачи на рецепционер/ рецепционерка, а заради стекнување на практични знаења и демонстрирање на истите во пракса. Во овој дел се обезбедува реално работење во реални услови.

Наставната програма за Рецепционер/ рецепционерка е наменета за лица кои сакаат или имаат потреба од стекнување на основни познавања, но и вештини заради полесно вклучување на пазарот на трудот, и квалификација и/или доквалификација на нивното образование и знаење. Можноста за напредување е во степенот на нивната доквалификација преку оваа програма која треба да придонесе за полесно вклучување на учесниците на пазарот на трудот во Република Македонија.

НИКОГАШ НЕ Е ДОЦНА ДА СТАНЕТЕ ТОА ШТО САКАВТЕ ДА БИДЕТЕ!

СОДРЖИНА НА ОБУКАТА

Опис на програма:

  • Развој на позитивна ориентација;
  • Тим и тимска работа;
  • Развој на национална и верска толеранција и почитување на националните навики и обичаи на гостите;
  • Комуникација со гости, соработници и корисници на услугите;
  • Развој на вештини за надминување на конфликтни ситуации со почитување на принципот „гостинот е секогаш во право“;
  • Развој на одговорен однос кон задачите и работното време;
  • Компромис, толеранција и професионалност во работењето;
  • Поим за современа организација на хотелот.

По завршување на обуката кандидатите се способни да:

  • Подготвува, организира и извршува работни задачи;
  • Рационално користи материјали, опрема и време;
  • Комуницира со соработници и корисници на услуги на странски јазик;
  • Користи компјутерска технологија и софтверски алатки за реализација на работните задачи;
  • Применува принципи на работна култура во комуникацијата со деловни партнери, клиенти и соработници;
  • Резервира и издава сместувачки капацитети;
  • Прима, сместува и испраќа гости;
  • Информира и советува гости;
  • Пресметува и наплатува услуги;
  • Врши телефонски услуги;
  • Ракува со собните картици (клучеви);
  • Подготвува извештаи и статистички прегледи;
  • Обезбедува квалитет на работата на помошниот персонал;
  • Врши надзор на работењето на помошниот персонал;
  • Применува мерки за заштита на клиентите и околината, во согласност со хигиенско-технички, противпожарни и други заштитни мерки.

ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА

  • За лица кои би сакале да работат во рамките на некоја компанија како Рецепционери;
  • За сите оние кои сакаат да се преквалификуваат за подобро и поисплатливо занимање;
  • За фирми кои сакаат да ги обучат своите вработени;
  • За вработени кои сакаат да стекнат дополнително знаење и да напредуваат во кариерата.

ВРЕМЕ / ЛОКАЦИЈА

  • Почеток на обуката:  Веднаш по формирање на група.
  • Каде: Во просториите на Академија ЦЕС.

ПРИЈАВУВАЊЕ НА ОБУКАТА

Контакт телефон – (02) 3232 510 или 078 339 502

Сподели ја обуката:

ОСТАНАТИ ОБУКИ

2022-05-26T15:05:24+02:00

Специјализирана обука за педикир

Факт е дека клиентите одат во козметички салони не само за да добијат најдобро негувано тело и лице, туку и затоа што имаат меѓусебен заеднички однос со својот козметичар кој е полн со разбирање и почит према нив и прави да се чувствуваат како звезди

2022-06-21T11:00:19+02:00

Специјализирана обука за најновата гел акрил техника & микс декоративни техники за цртање со акрилни бои

Гелакрил е техника која ги опфаќа најпозитивните особености од двете техники со цел олеснување и забрзување на процесот за изработка на нокти.

2022-06-21T11:05:02+02:00

Специјализирана обука за естетичар за депилација

За време на обуката ќе научите што значи професионален однос кон клиенти, успешна и квалитетна комуникација, како да изградите добар имиџ на салонот и да остварите успешно работење.

2022-06-21T10:57:55+02:00

Обука за фризер

Обуката за Женски Фризер опфаќа обука на учесниците за целосно изучување на фризерскиот занает, од основите на занимањето, обликување на коса, техники на фенирање, шишање, бојадисување како и правење фризури, се разбира тоа е само дел од знаењето и вештините кои ќе ги совлада секој слушател.

2022-06-21T11:05:20+02:00

Обука за козметичар за нега на лице и тело

Обуката за Козметичар за нега на лице и тело се реализира по програма верификувана од Центарот за образование на возрасни и Министерството за образование на Северна Република Македонија Добиениот сертификат од оваа обука има статус на државна диплома.

2022-06-21T11:08:38+02:00

Обука за јапонско исцртување на веѓи/microblading+пудер техника/сенчење

Досегашната техника за нанесување на трајна шминка на веѓите со исцртување на две тенки линии со апарат, веќе е надмината. Чекор напред е направен со т.н. јапонска техника за трајно исцртување на веѓи.