Обуката  за собарка е наменета за сите возрасти, а посебно за сите оние кои се заинтересирани да работат во угостителско-туристичката дејност.

Едно од најбараните занимања во областа на работа во угостителството и туризмот. Ова занимање е посебно акуелно во текот на летната сезона, но може да биде и во текот на целата година доколку се работи за хотелски и други туристички објекти со добри капацитети и привлечна туристичка понуда. Оваа обука има за цел да развие правилен однос кон работата, да ги оспособи кандидатите за деловно комуницирање со соработниците и корисниците на услугите, да развие свест за значењето на хигиената, носењето униформа и заштитни обувки и облека.

Обуката за собарка подразбира

  • запознавање и разликување на видовите угостителски објекти,
  • запознавање со подготвителната работа во објектите за сместување,
  • стекнување знаење за правилен прием на налог за користење на сервисот,
  • усвојување знаења за начинот на средување на соби, бањи, балкони, ходници, салони и други простории.

Оваа обука посветува посебно внимание на обучување на кандидатите за правилна употреба на книгата за заборавени предмети, подготовка на дневен извештај, водење сметка за потврди за оштетени предмети и евиденција на дефекти.

СОДРЖИНА НА ОБУКАТА

Опис на програмата

  • Подготовка на средства за одржување на хигиена, инвентар и облека;
  • Подготовка и чистење на простории по стандарди;
  • Собирање и преземање прибор и облека;
  • Хотелско домаќинство;
  • Улога на менаџментот на хотелот;
  • Мерки за заштита при работа.

По завршување на обуката кандидатите се способни да:

  • Развијат правилен однос кон работата;
  • Комуницираат деловно со соработниците и корисниците на услугите;
  • Развијат свест за значењето на хигиената, носењето униформа и заштитни обувки и облека;
  • Направат разлика на видовите угостителски објекти, запознавање со подготвителната работа во објектите за сместување, стекнување знаење за правилен прием на налог за користење на сервисот, усвојување знаења за начинот на средување на соби, бањи, балкони, ходници, салони и други простории;
  • Применуваат книга за заборавени предмети, подготовка на дневен извештај, водење сметка за потврди за оштетени предмети и евиденција на дефекти.

ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА

  • За лица кои би сакале да работат во рамките на некоја компанија како собари;
  • За сите оние кои сакаат да се преквалификуваат за фирми кои сакаат да ги обучат своите вработени;
  • За вработени кои сакаат да стекнат дополнително знаење и да напредуваат во кариерата;

ВРЕМЕ / ЛОКАЦИЈА

  • Почеток на обуката:  Веднаш по формирање на група.
  • Каде: Во просториите на Академија ЦЕС.

ПРИЈАВУВАЊЕ НА ОБУКАТА

Сподели ја обуката:

ОСТАНАТИ ОБУКИ