Project Description
Обуката за собарка е наменета за сите возрасти, а посебно за сите оние кои се заинтересирани да работат во угостителско-туристичката дејност.
Едно од најбараните занимања во областа на работа во угостителството и туризмот. Ова занимање е посебно акуелно во текот на летната сезона, но може да биде и во текот на целата година доколку се работи за хотелски и други туристички објекти со добри капацитети и привлечна туристичка понуда. Оваа обука има за цел да развие правилен однос кон работата, да ги оспособи кандидатите за деловно комуницирање со соработниците и корисниците на услугите, да развие свест за значењето на хигиената, носењето униформа и заштитни обувки и облека.
Обуката за собарка подразбира
- запознавање и разликување на видовите угостителски објекти,
- запознавање со подготвителната работа во објектите за сместување,
- стекнување знаење за правилен прием на налог за користење на сервисот,
- усвојување знаења за начинот на средување на соби, бањи, балкони, ходници, салони и други простории.
Оваа обука посветува посебно внимание на обучување на кандидатите за правилна употреба на книгата за заборавени предмети, подготовка на дневен извештај, водење сметка за потврди за оштетени предмети и евиденција на дефекти.
СОДРЖИНА НА ОБУКАТА
Опис на програмата
- Подготовка на средства за одржување на хигиена, инвентар и облека;
- Подготовка и чистење на простории по стандарди;
- Собирање и преземање прибор и облека;
- Хотелско домаќинство;
- Улога на менаџментот на хотелот;
- Мерки за заштита при работа.
По завршување на обуката кандидатите се способни да:
- Развијат правилен однос кон работата;
- Комуницираат деловно со соработниците и корисниците на услугите;
- Развијат свест за значењето на хигиената, носењето униформа и заштитни обувки и облека;
- Направат разлика на видовите угостителски објекти, запознавање со подготвителната работа во објектите за сместување, стекнување знаење за правилен прием на налог за користење на сервисот, усвојување знаења за начинот на средување на соби, бањи, балкони, ходници, салони и други простории;
- Применуваат книга за заборавени предмети, подготовка на дневен извештај, водење сметка за потврди за оштетени предмети и евиденција на дефекти.
ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА
- За лица кои би сакале да работат во рамките на некоја компанија како собари;
- За сите оние кои сакаат да се преквалификуваат за фирми кои сакаат да ги обучат своите вработени;
- За вработени кои сакаат да стекнат дополнително знаење и да напредуваат во кариерата;
ВРЕМЕ / ЛОКАЦИЈА
- Почеток на обуката: Веднаш по формирање на група.
- Каде: Во просториите на Академија ЦЕС.
Сподели ја обуката:
ОСТАНАТИ ОБУКИ
Специјализирана обука за педикир
Факт е дека клиентите одат во козметички салони не само за да добијат најдобро негувано тело и лице, туку и затоа што имаат меѓусебен заеднички однос со својот козметичар кој е полн со разбирање и почит према нив и прави да се чувствуваат како звезди

Специјализирана обука за најновата гел акрил техника & микс декоративни техники за цртање со акрилни бои
Гелакрил е техника која ги опфаќа најпозитивните особености од двете техники со цел олеснување и забрзување на процесот за изработка на нокти.
Специјализирана обука за машки фризер/бербер
Научи од мајстори и почни кариера како фризер и бербер веднаш!
Специјализирана обука за маникир
Оспособувањето за МАНИКИР подразбира обука каде што кандидатот ќе стекне знаење и вештини за обработка на нокти и регии на нокти.
Специјализирана обука за колористика
За да се занимавате со фризерски занает на вистински начин не е доволно само да завршите обука за фризер, како што многумина мислат.
Специјализирана обука за естетичар за депилација
За време на обуката ќе научите што значи професионален однос кон клиенти, успешна и квалитетна комуникација, како да изградите добар имиџ на салонот и да остварите успешно работење.
Обука за фризер
Обуката за Женски Фризер опфаќа обука на учесниците за целосно изучување на фризерскиот занает, од основите на занимањето, обликување на коса, техники на фенирање, шишање, бојадисување како и правење фризури, се разбира тоа е само дел од знаењето и вештините кои ќе ги совлада секој слушател.
Обука за професионален шминкер
Програмата за професија „Шминкер” е насочена кон стручно оспособување на учесниците за самостојно извршување работни задачи- шминкање во козметички салон.
Обука за масер за козметичка масажа
Програмата „МАСЕР ЗА КОЗМЕТИЧКА МАСАЖА” е насочена кон стручно оспособување на учесниците за самостојно извршување работни задачи масер за тело во козметички салон.
Обука за мадеротерапија
Мадеротерапијата на тело е моментално најефикасната масажа за обликување на телото и отстранување на целулитот.
Обука за козметичар за нега на лице и тело
Обуката за Козметичар за нега на лице и тело се реализира по програма верификувана од Центарот за образование на возрасни и Министерството за образование на Северна Република Македонија Добиениот сертификат од оваа обука има статус на државна диплома.
Обука за јапонско исцртување на веѓи/microblading+пудер техника/сенчење
Досегашната техника за нанесување на трајна шминка на веѓите со исцртување на две тенки линии со апарат, веќе е надмината. Чекор напред е направен со т.н. јапонска техника за трајно исцртување на веѓи.