Project Description

Програмата “Службеник во сметководство” е насочена кон стручно оспособување на кандидатите од областа на основни (почетни) теоретски и практични знаења и умеења за водење на сметководствената евиденција и утврдувањето на резултатите од работењето. Стекнатите вештини ќе им помогнат на кандидатите полесно вработување и конкурентност на пазарот на трудот.

Во реализација на програмата ќе се применуваат современи наставни методи, вербални (усно изложување, разговор), визуелни, практични методи (практична работа- вежби) кои ќе му овозможат на кандидатот континуирана активност за целокупното траење на обуката.

Оценувањето на постигањата на кандидатите ќе се врши преку следење и вреднување на знаењата и умеењата во текот на целата обука, усно, писмено-тестови на знаења на определени тематски целини и сегменти, практична работа – вежби и на завршниот испит..

Структурата на програмата за “Службеник во сметководство” е следна:

  • стручно-теоретски дел,
  • практична обука и
  • проверка на постигањата на кандидатите (завршен испит).

  1. Стручно-теретскиот дел од обуката ќе се реализира во простории опремени со работни маси за секој учесник, компјутери со сметководствен програм за секој учесник , интернет, аудио и видео опрема и сл.
  2. Практичната обука ќе се реализира во современо опремена канцеларија со компјутери со инсталиран сметководствен програм каде секоја наставна целина паралено со теоретскиот дел ке се работи и на сметководствен програм на компјутер, кандидатите ке добијат работни материјали со кои вистински се срекаваат во праксата и истите ке ги книжат во сметково дствен програм инсталиран на компјутер,

Со кандидатите  во теоретскиот и практичниот дел ќе работат Сметководители- Професор  со повеќегодишно  практично работно  искуство, со завршено високо образование,  VII/1 степен, дипломиран економист

СОДРЖИНА НА ОБУКАТА

МОДУЛ 1 -ОСНОВИ НА СМЕТКОВОДСТВОТО-

  • Поим, улога и значење на сметководствениот информационен систем

МОДУЛ 2- СРЕДСТВА, ОБВРСКИ И КАПИТАЛ

  • Поим и класификација на средствата и изворите на претпријатието
  • Сметководствена равенка за пресметување на капиталот

МОДУЛ 3- СОДРЖИНА НА СМЕТКОВЕН ПЛАН

  • Поим и содржина на сметковниот план
  • Поим и правила за книжење на сметките и сметководствените настани

МОДУЛ 4- ЕВИДЕНЦИЈА НА ПОСТОЈАНИТЕ (НЕТЕКОВНИ) СРЕДСТВА

  • Поим, карактеристики и
  • Видови на постојаните средства (нематеријални, материјални вложувања, материјални вложувања и долгорочни финансиски  вложувања)

МОДУЛ 5-ЕВИДЕНЦИЈА НА ТЕКОВНИТЕ СРЕДСТВА  (ПАРИЧНИ СРЕДСТВА, ПОБАРУВАЊА И КРАТКОРОЧНИ ФИНАНСИСКИ ВЛОЖУВАЊА) 

  • Поим, карактеристики и поделба на тековните средства
  • Изработка и книжење на касов извештај
  • Книжење на банков извод
  • Евиденција на побарувањата краткорочните финансиски вложувања
  • Евиденција на постојаните средства

МОДУЛ 6-ЕВИДЕНЦИЈА НА СУРОВИНИТЕ И МАТЕРИЈАЛИТЕ, РЕЗЕРВНИТЕ ДЕЛОВИ И СИТНИОТ ИНВЕНТАР

  • Набавка на суровините и материјалите, резервните делови и ситниот инвентар и нивно примање на залиха по набавна цена
  • Оформување на документација при набавка и изработка на калкулација за пресметка на набавна цена и планска цена

МОДУЛ 7- ЕВИДЕНЦИЈА НА ГОТОВИ ПРОИЗВОДИ

  • Евиденција на готовите производи по цена на чинење
  • Евиденција на продажбата на готови   производи
  • Евиденција на реализацијата на   трговски стоки на големо и мало

МОДУЛ 8-ЕВИДЕНЦИЈА НА ТРГОВСКИ СТОКИ

  • Евиденција на набавка на трговска стока во магацин по набавни и продажни цени
  • Изработка на калкулација за пресметка на набавни цени и продажни цени
  • Евиденција на набавката на стоки во продавница
  • Евиденција на увозот и извозот на трговски стоки

МОДУЛ 9-ТРОШОЦИ ВО ПРЕТПРИЈАТИЕ

  • Дефинирање на трошоците во претпријатие
  • Поимот на трошоци
  • Видови на трошоци
  • Документи за трошоците
  • Евиденција на услугите со карактер на материјални трошоци
  • Поим и видови на амортизацијата
  • Методи за пресметка на амортизацијата
  • Поим и видови на нематеријални трошоци
  • Поим и видови на плати и надоместоци од плати
  • Затварање на сметките на трошоци

МОДУЛ 10-ЕВИДЕНЦИЈА НА ПРИХОДИТЕ И РАСХОДИТЕ

  • Поим, видови и карактеристики на расходите
  • Поим, видови и карактеристики на приходите

МОДУЛ 11-ПОИМ И УТВРДУВАЊЕ НА ФИНАНАСИСКИ РЕЗУЛТАТ

  • Поим, утврдување на добивка и распределување на добивката
  • Поим, утврдување на загуба и покривање на загубата

МОДУЛ 12-ЕВИДЕНЦИЈА НА КАПИТАЛОТ  И  РЕЗЕРВИТЕ

  • Дефинирање на поимот на капиталот и резервите
  • Групирање на капиталот и резервите
  • Евиденција на капиталот и резервите

МОДУЛ 13-ФИНАНСИСКИ ИЗВЕШТАJ – изработка на завршна сметка

  • Поим и изработка на биланс на состојба (извештај за финансиската состојба)

ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА

  • За сите оние кои сакаат да градат кариера во областа на финансикото и сметководствено работење
  • Невработени лица кои сакаат да се квалификуваат за професија-службеник во сметководство Сите останати кои се незадоволни од досегашната своја квалификација и сакаат промена “ нова струка” а со тоа и можност за нова или дополнителна работа

Потребни предзнаења

Не е потребно – само воља и желба за лична промена и личен напредок

ВРЕМЕ / ЛОКАЦИЈА

Времетраење на обуката 6 недели

Локација: Во просториите на Тренинг Центар ЦЕС

Термини  по договор 

Дата на почеток

  • 10.07.2020
  • 15.08.2020
  • 11.09.2020
  • 09.10.2020
  • 06.11.2020
  • 02.12.2020

СЕРТИФИКАТ

Кандидатите, кои успешно ќе ja завршат oбуката  добиваат сертификат за стекнати знаења, вештини, способности и компетенции за професијата СЛУЖБЕНИК ВО СМЕТКОВОДСТВО.

Обуката за СЛУЖБЕНИК ВО СМЕТКОВОДСТВО се реализира по програма верификувана од Центарот за образование на возрасни и Министерството за образование на Република Северна Македонија

Добиениот сертификат од оваа обука има статус на државна диплома-признаена во земјата и во странство.

Разлика помеѓу државен сертификат и сертификат од фирма

Со државен сертификат можеш:

  • Да се вработиш како квалификуван СЛУЖБЕНИК ВО СМЕТКОВОДСТВО
  • Да учиш по програма одобена според сите државни образовни стандарди
  • Нема да те прогонуваат инспекции, бидејќи ќе имаш лиценца за работа

Со сертификат од фирма

  • Неможеш да се вработиш како СЛУЖБЕНИК ВО СМЕТКОВОДСТВО – бидејќи немаш соодветна лиценца
  • Добиваш сертификат само со печат од фирмата
  • Учиш по програма која не е одобрена од институција туку од некој кој сам ја напишал и пред се не е верификувана од надлежни институции.
  • Ке имаш проблем со инспекција- бидејќи немаш лиценца за работа
  • Сето тоа ќе резултира со губење време и насочување на паричните средства на несоодветно место, а времето ни е најдрагоценото нешто

ПРИЈАВУВАЊЕ НА ОБУКАТА

Цена – 9.800 денари, со можност за плаќање на три рати

Контакт телефон – (02) 3232 510 или 078 339 502

ГАЛЕРИЈА

ОСТАНАТИ ОБУКИ

2020-06-20T12:27:12+02:00

Специјализирана обука за педикир

Факт е дека клиентите одат во козметички салони не само за да добијат најдобро негувано тело и лице, туку и затоа што имаат меѓусебен заеднички однос со својот козметичар кој е полн со разбирање и почит према нив и прави да се чувствуваат како звезди

2020-06-21T21:13:08+02:00

СПЕЦИЈАЛИЗИРАНА ОБУКА ЗА НАЈНОВАТА ГЕЛ АКРИЛ ТЕХНИКА & МИКС ДЕКОРАТИВНИ ТЕХНИКИ ЗА ЦРТАЊЕ СО АКРИЛНИ БОИ

Гелакрил е техника која ги опфаќа најпозитивните особености од двете техники со цел олеснување и забрзување на процесот за изработка на нокти.

2020-06-20T12:27:38+02:00

СПЕЦИЈАЛИЗИРАНА ОБУКА ЗА ЕСТЕТИЧАР ЗА ДЕПИЛАЦИЈА

За време на обуката ќе научите што значи професионален однос кон клиенти, успешна и квалитетна комуникација, како да изградите добар имиџ на салонот и да остварите успешно работење.

2020-06-20T12:22:05+02:00

Обука за фризер

Обуката за Женски Фризер опфаќа обука на учесниците за целосно изучување на фризерскиот занает, од основите на занимањето, обликување на коса, техники на фенирање, шишање, бојадисување како и правење фризури, се разбира тоа е само дел од знаењето и вештините кои ќе ги совлада секој слушател.

2020-07-06T15:46:34+02:00

Обука за трајно исцртување на веѓи

Досегашната техника за нанесување на трајна шминка на веѓите со исцртување на две тенки линии со апарат, веќе е надмината. Чекор напред е направен со т.н. јапонска техника за трајно исцртување на веѓи.

2020-07-06T15:45:24+02:00

Обука за козметичар за нега на лице и тело

Обуката за Козметичар за нега на лице и тело се реализира по програма верификувана од Центарот за образование на возрасни и Министерството за образование на Северна Република Македонија Добиениот сертификат од оваа обука има статус на државна диплома.