Пицата е најпознатото и најуниверзалното јадење во целиот свет.

Корените ги има уште во античко време, бидејќи античките Феникијци, Грци и Римјани во многу прилики подготвувале тенка кора од тесто збогатена со медитерански билки и лук.

Оваа верзија на пица, се разбира, напредувала со текот на времето, па затоа денес е невозможно да се изброи колку различни видови на пица има. Ние и нашите современици ја поврзуваме пицата со Италија.

Италијанската верзија на пицата е создадена во Неапол и таа е познатата „пица маргерита“ со фил од црвен домат, бела моцарела и зелен, свеж босилек.

Академија Ц.Е.С.  Ви нуди можност да се обучит за најбараното занимање ПИЦА МАЈСТОР- универзална професија, која каде и да сте, во светот и во нашата земја, потребата од оваа професија е постојана.

Ќе добиете можност да се стекнете со потребните вештини и техники за да направите совршено тесто за пица, што е, всушност, основата на секоја добра пица.

Курсот за пица мајстори вклучува обука за подготовка и дозирање на основните состојки за правење квалитетно тесто, како и техники за правилно мешање, развој и обликување.

По овој дел од курсот, обуката за  пица мајстори продолжува со настава за најпопуларните видови сирења и други додатоци за пица. Со правилна употреба на состојки и нивна комбинација, се добива подобар квалитет на финалниот производ.

По завршување на курсот за Пица мајстор– секој кандидат за ова занимање ќе биде подготвен да ја извршува својата работа квалитетно и сигурно. Нашиот препознатлив печат е тоа што ќе се запознаете со малите тајни на искусни мајстори кои ќе ви помогнат да направите совршена пица.

ПАТОТ Е ВАШ, НАПРАВЕТЕ ГО ПРВИОТ ЧЕКОР!

СОДРЖИНА НА ОБУКАТА

  • Историја и потекло на пицата;
  • Состојки и нивни својства;
  • Видови пица, карактеристики на храна, зачини;
  • Вештини за користење соодветна опрема и начини на подготовка на пица и додатоци;
  • Најважните рецепти и начини на подготовка на пица, комбинација на состојки;
  • Совети, тајни и трикови при правење пица;
  • Вовед во основите на хигиената и заштитата на храната

По завршување на обуката кандидатите се способни

  • самостојно да работат како пица мајстори,
  • Да подготвуваат различни видови на пица со употреба на различни состојки според современите барања на клиентите и работодавците

ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА

  • За сите лица кои би сакале да работат во рамките на некоја компанија како пица мајстори;
  • За сите оние кои сакаат да се преквалификуваат за подобро и поисплатливо занимање;
  • За вработени кои сакаат да стекнат дополнително знаење и да стекнат дополнителен занает

ВРЕМЕ / ЛОКАЦИЈА

  • Локација: Во просториите на Академија ЦЕС и во компанија за практична работа
  • Дата на почеток-веднаш по оформување на група

СЕРТИФИКАТ

Кандидатите, кои успешно ќе ја завршат обуката добиваат сертификат за стекнати знаења, вештини, способности и компетенции за професијата Пица Мајстор.

ПРИЈАВУВАЊЕ НА ОБУКАТА

Сподели ја обуката:

ОСТАНАТИ ОБУКИ