Project Description

Талентот е само мал дел од успехот, но потребен е ентузијазам, работа и желба за постојано истражување и експериментирање.

Доколку сакате да го развиете својот талент и да влезете во светот на убавината и креативноста, тогаш ова е вистинска понуда за Вас. Време е да го претворите својот талент во блескава иднина и успех!

Оваа понуда не носи само успех туку и можност по најповолна цена да го остварите својот сон. Оспособувањето за МАНИКИР подразбира обука каде што кандидатот ќе стекне знаење и вештини за обработка на нокти и регии на нокти.

На практичната обука кандидатите ќе се запознаат со анатомијата на рацете, хистологијата на кожата, обликување нокти, отклонување на кутикули, постапка на работа на маникир, лакирање нокти, масажа на дланки, употреба на алати и прибори, одржување и стерилизација.

За време на обуката ќе научите што значи професионален однос кон клиенти, успешна и квалитетна комуникација, како да изградите добар имиџ на салонот и да остварите успешно работење. Токму поради тоа за време на обуката за МАНИКИР организиран од страна на ЦЕС посебно внимание посветуваме на совладување на комуникацијата и односот со клиентите, како би се створил посебен однос помеѓу нив и истиот би се одржувал континуирано.

Програмата се состои од теоретски дел на обуката и 90% практична работа со вклучени материјали за работа,во опремена просторија.

Програма за обуката

  • Теоретска основа и клучни поими
  • Однос со клиенти и нивна подготовка за работа
  • Правилна нега на ноктите
  • Вовед во материјалите што се користат при постапките
  • Хигиена при работа и организација на просторот
  • Стерилизација на алатките и превенција на болести на ноктот
  • Класичен маникир
  • Правилна подготовка, средување и оформувње на ноктна плочка
  • Видови на турпии, прaвилно држeње на турпијата и користење на истата
  • Полирање на ноктот и нега на ноктната плочка
  • Правилно, уредно и прецизно нанесување на лак за нокти
  • Масажа на дланки и стимулација
  • Употреба на креми и соодветни пакувања
  • Пилинг на дланки
  • Употреба на парафинско пакување, изведување на парафински третман
  • Соодветни производи и постапки за нега
  • Правилно, уредно и прецизно нанесување на лак за нокти
  • Правилно, уредно и прецизно нанесување на гел лак за нокти

Резултати:

  • Совршено негувани раце и нокти-не само од естетски туку и од здравствен аспект

СОДРЖИНА НА ОБУКАТА

  • Теоретска основа и клучни поими
  • Однос со клиенти и нивна подготовка за работа
  • Правилна нега на ноктите
  • Вовед во материјалите што се користат при постапките
  • Хигиена при работа и организација на просторот
  • Стерилизација на алатките и превенција на болести на ноктот
  • Класичен маникир
  • Правилна подготовка, средување и оформувње на ноктна плочка
  • Видови на турпии, прaвилно држeње на турпијата и користење на истата
  • Полирање на ноктот и нега на ноктната плочка
  • Правилно, уредно и прецизно нанесување на лак за нокти
  • Масажа на дланки и стимулација
  • Употреба на креми и соодветни пакувања
  • Пилинг на дланки
  • Употреба на парафинско пакување, изведување на парафински третман
  • Соодветни производи и постапки за нега
  • Правилно, уредно и прецизно нанесување на лак за нокти
  • Правилно, уредно и прецизно нанесување на гел лак за нокти

Програмата МАНИКИР е насочена кон стручно оспособување на кандидатите од областа на козметиката.

Стекнатите вештини ќе им помогнат на учесниците полесно вработување и конкурентност на пазарот на трудот.
Во реализација на програмата ќе се применуваат современи наставни методи, кои ќе му овозможат на кандидатот континуирана активност за целокупното траење на обуката. Во тек на реализацијата ќе се применуваат наставни средства и помагала (Ресурси / опрема за настава и учење).
Оценувањето на постигањата на кандидатите ќе се врши преку следење и вреднување на знаењата и умеењата во текот на целата обука, усно, писмено, практична работа и на завршниот испит.

Кандидатот кој успешно ќе ја  заврши обуката се здобива со сертификат за МАНИКИР

ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА

  • За сите оние кои сакаат да градат кариера во областа на Козметичкиот занает
  • Невработени лица кои сакаат да научат занает и да добијат можност за вработување
  • Сите оние кои сакаат да се преквалификуваат а со тоа и можност за нова или дополнителна работа

Потребни предзнаења

Не е потребно – само воља и желба за лична промена и личен напредок

ВРЕМЕ / ЛОКАЦИЈА

  • Локација: Во просториите на Академија ЦЕС
  • Термини по договор со слушателите

ПРИЈАВУВАЊЕ НА ОБУКАТА

***Добиениот сертификат од оваа обука има статус на државна дипломa- признаена
во земјата и во странство.

Контакт телефон – (02) 3232 510075/225-539 или 078 339 502 

Академија ЦЕС како дел од програмата Еразмус + спроведува стручни обуки и надвор од
земјата, па така голем број кандидати кои поминале обука во Академија ЦЕС имаат
можност на посетат напредна обука за фризер, козметичар, естетичар за нокти  и слично
во европска држава како Италија, Португалија, Бугарија, Германија,  да добијат европски
сертификат, да стекнат дополнителни напредни вештини и знаења за професијата, да
разменат интернационално искуство, и со тоа да бидат конкурентни на пазарот на труд и
привлечни за конкуренцијата.

Сподели ја обуката:

ОСТАНАТИ ОБУКИ