Project Description

Лебот и белите печива претставуваат едни од основните прехранбени продукти кои се добиваат од брашно со додатоци на вода, сол, микробна стартер култура. Во зависност од типот на лебот и белите печива кон брашното се додаваат и други материи и различни додатоци. Лебот и белите печива се составен дел од исхраната на луѓето, додека нивната севкупна потрошувачка ги доведува во позиција на производи со глобално значење. Од тука од исклучителна важност за сите засегнати страни во синџирот на исхраната е нивното квалитетно и безбедно произведување. Осигурувањето на квалитетот претставува комплексна задача во било која фаза „ од нива до трпеза “ со посебен акцент во делот на нивно производство.

Главната цел на посебната програма за возрасни е стекнување знаења, стручни компетенции и вештини за примена на техниките во секоја од фазите на технолошкиот процес, при производство на леб и бели печива. Начинот на реализацијата на посебната програма е преку теоретска и практична настава. Теоретската обука се однесува на карактеристиките на работното место изработувач на леб и бели пецива, суровините кои се вклучени во производството на ПЕЧИВА како и технолошкиот процес при производство на лебот и белите печива  и запознавање со етичките принципи за работа. Практичната обука се однесува на примена на вештини и техники за производство на леб и бели печива.

Учесниците кои ги посетувале обуките и истите успешно ги завршиле се стекнуваат со сертификат „Изработувач на печива“. Со стекнување на сертификатот учесниците се здобиваат со можност за равој на професионална кариера во пекарската  индустрија.

Опис на програмата

  • Организирање на својата работа и соработка со тимот за техничка подготовка;
  • Организира производство, работи на повеќенаменски машини и технолошки линии
  • Ги подготвува машините за изработување на печива;
  • Управува со миксер;
  • Обликува тесто и врши контрола на ферментацијата;
  • Управува со печка;
  • Управува со пакување и складирање на готовите производи;
  • Правилно и последователно ги применува и контролира технолошките операции за обработка на замес: развивање, делење, филување и обликување на тестото, ферментирање, замрзнување;
  • Обликување на тесто;
  • Применува рецептури за за производство на различни видови леб и бели пецива;
  • Разликува леб и бели пецива како и нивната хранлива вредност и својства;
  • Изработува различни видови на леб и ситни бели пецива;
  • Спроведува стандарди и норми на ХАССП контролен систем во погоните за производство на леб и бели пецива;
  • Изработување на крофни и мекици;
  • Изработување на интегрално, пченкарно и други видови на пецива

По завршување на обуката кандидатите се способни да:

  • Осознава можности за професионална кариера на Изработувач на печива;
  • Применува прописи за безбедност и здравје при работа и правила за користење на средствата за лична заштита при работа и противпожарните мерки;
  • Применува добри производствени и хигиенски практики;
  • Ги применува HACCP принципите;
  • Планира и организира својата работа;
  • Разликува видови леб и бели печива и нивна хранлива вредност и својства;
  • Применува рецептури за производство на различни видови леб и бели печива;
  • Разликува видови суровини, врши прием и контрола на суровините, начините на складирање и користење на истите и нивно дозволено дозирање во производот;
  • Пополнува работна документација;
  • Правилно и последователно ги применува и контролира сите фази од технолошкиот процес на производствени операции: подготовка (мерење на суровини) и мешање (месење);
  • Правилно и последователно ги применува и контролира технолошките операции за обработка на замес: развивање, делење, филување и обликување на тестото, ферментирање, замрзнување;
  • Правилно и последователно ги применува и контролира технолошките операции печење, ладење и пакување на пекарските производи;
  • Применува соодветно чување и складирање на готови производи;
  • Ги почитува упатствата за работа на опремата, машините и приборот во погонот кои се користат за производство на леб и бели печива и правилно ја применува опремата, ги проверува и по потреба корегира штелуваните параметри на машините.

СОДРЖИНА НА ОБУКАТА

  • МОДУЛ 1   ОСНОВНИ ПОИМИ И КАРАКТЕРИСТИКИ НА РАБОТНОТО МЕСТО,,ИЗРАБОТУВАЧ НА ПЕЦИВА,,
  • МОДУЛ 2  СУРОВИНИ ВО ПЕКАРСТВОТО
  • МОДУЛ 3 ПРОИЗВОДСТВО НА ПЕЧИВА И ПИЦИ
  • МОДУЛ 4 ПРОИЗВОДСТВО НА ЛИСНАТО ТЕСТО

ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА

  • За лица кои би сакале да работат во рамките на некоја компанија како ИЗРАБОТУВАЧ НА ПЕЧИВА
  • За сите оние кои сакаат да се преквалификуваат за подобро и поисплатливо занимање;
  • За фирми кои сакаат да ги обучат своите вработени;
  • За вработени кои сакаат да стекнат дополнително знаење и да напредуваат во кариерата;

ВРЕМЕ / ЛОКАЦИЈА

  • Почеток на обуката:  Веднаш по формирање на група.
  • Каде:   Во  просториите на Академија ЦЕС

СЕРТИФИКАТ

Кандидатите, кои успешно ќе го завршат курсот добиваат сертификат за стекнати знаења, вештини, способности и компетенции за професијата Изработувач на пецива

Сертификатот има статус на државна диплома – признаена во земјата и во странство.

Разлика помеѓу државен сертификат и сертификат од фирма

Со државен сертификат можеш:

  • Да се вработиш како квалификувана Изработувач на пецива
  • Можеш да отвориш сопсвен бизнис со лиценциран признаен сертификат
  • Да учиш по програма одобена според сите државни образовни стандарди
  • Нема да те прогонуваат инспекции, бидејќи ќе имаш лиценца за работа

Со сертификат од фирма

  • Неможеш да се вработиш како Изработувач на пецива – бидејќи немаш соодветна лиценца
  • Добиваш сертификат само со печат од фирмата
  • Неможеш да отвориш сопствен бизнис бидејки немаш соодветна лиценца
  • Учиш по програма која не е одобрена од институција туку од некој кој сам ја напишал и пред се не е верификувана од надлежни институции.
  • Ке имаш проблем со инспекција- бидејќи немаш лиценца за работа
  • Сето тоа ќе резултира со губење време и насочување на паричните средства на несоодветно место, а времето ни е најдрагоцено нешто

ПРИЈАВУВАЊЕ НА ОБУКАТА

Добиениот сертификат од оваа обука е признаен во земјата и во странство.

Контакт телефон –078 339 502  или  (02) 3232 510 

Академија ЦЕС како дел од програмата Еразмус + спроведува стручни обуки и надвор од
земјата, па така голем број кандидати кои поминале обука во Академија ЦЕС имаат
можност на посетат напредна обука за готвач, слаткар, пекар  и слично во европска
држава како Италија, Португалија, да добијат европски сертификат, да стекнат
дополнителни напредни вештини и знаења за професијата, да разменат
интернационално искуство, и со тоа да бидат конкурентни на пазарот на труд и привлечни
за конкуренцијата.

ГАЛЕРИЈА

Сподели ја обуката:

ОСТАНАТИ ОБУКИ

2022-05-26T15:05:24+02:00

Специјализирана обука за педикир

Факт е дека клиентите одат во козметички салони не само за да добијат најдобро негувано тело и лице, туку и затоа што имаат меѓусебен заеднички однос со својот козметичар кој е полн со разбирање и почит према нив и прави да се чувствуваат како звезди

2022-06-21T11:00:19+02:00

Специјализирана обука за најновата гел акрил техника & микс декоративни техники за цртање со акрилни бои

Гелакрил е техника која ги опфаќа најпозитивните особености од двете техники со цел олеснување и забрзување на процесот за изработка на нокти.

2022-06-21T11:05:02+02:00

Специјализирана обука за естетичар за депилација

За време на обуката ќе научите што значи професионален однос кон клиенти, успешна и квалитетна комуникација, како да изградите добар имиџ на салонот и да остварите успешно работење.

2022-06-21T10:57:55+02:00

Обука за фризер

Обуката за Женски Фризер опфаќа обука на учесниците за целосно изучување на фризерскиот занает, од основите на занимањето, обликување на коса, техники на фенирање, шишање, бојадисување како и правење фризури, се разбира тоа е само дел од знаењето и вештините кои ќе ги совлада секој слушател.

2022-06-21T11:05:20+02:00

Обука за козметичар за нега на лице и тело

Обуката за Козметичар за нега на лице и тело се реализира по програма верификувана од Центарот за образование на возрасни и Министерството за образование на Северна Република Македонија Добиениот сертификат од оваа обука има статус на државна диплома.

2022-06-21T11:08:38+02:00

Обука за јапонско исцртување на веѓи/microblading+пудер техника/сенчење

Досегашната техника за нанесување на трајна шминка на веѓите со исцртување на две тенки линии со апарат, веќе е надмината. Чекор напред е направен со т.н. јапонска техника за трајно исцртување на веѓи.