Дали некогаш сте помислиле дека сакате да бидете ВИЕ тие коишто ги управуваат огромните градежни машини како што се булдожери, багери, ровокопачи?

Овaa обука за БАГЕРИСТИ  ќе Ви ги даде сите потребни вештини и квалификации за успешно вршење на ова занимање коешто е се повеќе застапено во светот. Ќе бидете обучени да можете не само да ги управувате овие машини и да придонесувате за подобро стопанство, но и да ги одржувате истите, да ја контролирате нивната исправност како и да вршите поправки на истите.

Оваа прилика не смеете да ја пропуштите!

Ако имате желба за доквалификација и усовршување Вие сте на правото место и на правиот пат кон постигнување на целта. Не секој може да биде ракувач со багери/багерист, но можеби Вие сте еден од тие што баш тоа го сакаат и можат, а немале прилика за соодветна обука до сега.

Ви ја нудиме нашата поддршка и помош да се оспособите!

ЦЕЛТА Е ВАША, НАПРАВЕТЕ ГО ПРВИОТ ЧЕКОР!

Опис на програмата

Програмата овозможува работно оспособување за Ракувач со багери/Багерист и истата е со стручно-теоретски содржини кои се  во функција на практичната обука,  која  пак се изведува на  терен во реални услови.

ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА

  • За кого е наменетa обуката? 
    • За сите лица кои би сакале да работат во рамките на некоја компанија како багеристи;
    • За сите оние кои сакаат да се преквалификуваат за подобро и поисплатливо занимање;
    • За фирми кои сакаат да ги обучат своите вработени;
    • За вработени кои сакаат да стекнат дополнително знаење и да напредуваат во кариерата;.

ВРЕМЕ / ЛОКАЦИЈА

  • Локација: Во просториите на Академија ЦЕС и во градежна компанија за практична работа
  • Дата на почеток-веднаш по оформување на група

СЕРТИФИКАТ

Кандидатите, кои успешно ќе ја завршат обуката добиваат сертификат за стекнати знаења, вештини, способности и компетенции за професијата Багерист

ПРИЈАВУВАЊЕ НА ОБУКАТА

Сподели ја обуката:

ОСТАНАТИ ОБУКИ

2024-01-17T18:12:10+01:00

Специјализирана обука за педикир

Факт е дека клиентите одат во козметички салони не само за да добијат најдобро негувано тело и лице, туку и затоа што имаат меѓусебен заеднички однос со својот козметичар кој е полн со разбирање и почит према нив и прави да се чувствуваат како звезди

2024-01-17T18:09:18+01:00

Специјализирана обука за најновата гел акрил техника & микс декоративни техники за цртање со акрилни бои

Гелакрил е техника која ги опфаќа најпозитивните особености од двете техники со цел олеснување и забрзување на процесот за изработка на нокти.

2024-01-17T18:10:20+01:00

Специјализирана обука за естетичар за депилација

За време на обуката ќе научите што значи професионален однос кон клиенти, успешна и квалитетна комуникација, како да изградите добар имиџ на салонот и да остварите успешно работење.

2024-01-17T18:06:39+01:00

Обука за фризер

Обуката за Женски Фризер опфаќа обука на учесниците за целосно изучување на фризерскиот занает, од основите на занимањето, обликување на коса, техники на фенирање, шишање, бојадисување како и правење фризури, се разбира тоа е само дел од знаењето и вештините кои ќе ги совлада секој слушател.

2024-01-17T16:13:16+01:00

Обука за козметичар за нега на лице и тело

Обуката за Козметичар за нега на лице и тело се реализира по програма верификувана од Центарот за образование на возрасни и Министерството за образование на Северна Република Македонија Добиениот сертификат од оваа обука има статус на државна диплома.

2024-01-17T18:12:47+01:00

Обука за јапонско исцртување на веѓи/microblading+пудер техника/сенчење

Досегашната техника за нанесување на трајна шминка на веѓите со исцртување на две тенки линии со апарат, веќе е надмината. Чекор напред е направен со т.н. јапонска техника за трајно исцртување на веѓи.