Project Description

Програмата “ЕСТЕТИЧАР ЗА НОКТИ – ДЕКОРАТИВЕН МАНИКИР ” е насочена кон стручно оспособување на кандидатите од областа на козметиката.

  • По успешно завршување на програмата учесникот ќе се оспособи да:
  • организира простор и работа во салонот,
  • применува санитарно технички норми за спроведување на козметичка дејност,
  • подготвува работно место и клиент за третман,
  • спроведува третмани на маникирање и декорација на ноктите на рацете,
  • спроведува мерки за заштита на работна и животна средина,
  • комуницира, соработува во тим,
  • учи доживотно и се усовршува.

Стекнатите вештини ќе им помогнат на учесниците полесно вработување и конкурентност на пазарот на трудот.
Во реализација на програмата ќе се применуваат современи наставни методи, кои ќе му овозможат на кандидатот континуирана активност за целокупното траење на обуката.
Оценувањето на постигањата на кандидатите ќе се врши преку следење и вреднување на знаењата и умеењата во текот на целата обука, усно, писмено, практична работа и на завршниот испит.

Структурата на програмата  за “ЕСТЕТИЧАР ЗА НОКТИ – ДЕКОРАТИВЕН МАНИКИР” е следна:

  • стручно-теоретски дел,
  • практична обука и
  • проверка на постигањата на кандидатите (завршен испит).


Во реализација на програмата учествуваат стручни лица, Теоретскиот дел од обуката ќе го реализираат обучувачи со завршено високо образование,  VII/1 степен, со завршени студии по медицина, a за практичниот дел, сертифицирано лице лице со работно искуство во декоративен Маникир. Програмата ќе се реализира во специјализирана предавална со потребна опрема според Норматив за простор, опрема и наставни средства и салони за козметика.

Времетраењето на програмата е 3 недели.

СОДРЖИНА НА ОБУКАТА

  • МОДУЛ 1 -ОСНОВИ НА ЗАНИМАЊЕТО
  • МОДУЛ 2- ПРИЕМ НА КЛИЕНТ И ПОДГОТОВКА НА ТРЕТМАН
  • МОДУЛ 3- ТРЕТМАН НА ОСНОВЕН И ГЕЛ ЛАК МАНИКИР
  • МОДУЛ 4- ТРЕТМАН НА ГЕЛНИ НОКТИ
  • МОДУЛ 5-ТРЕТМАН НА НАЛИВНИ НОКТИ
  • МОДУЛ 6-НАДГРАДБА НА НОКТИ СО ТИПСОВИ
  • МОДУЛ 7- ДЕКОРАЦИИ НА НОКТИ

Следна обука –Напредно ниво- ГЕЛ АКРИЛ + МОДЕРНИ ТЕХНИКИ НА ЦРТАЊЕ

ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА

  • За сите оние кои сакаат да градат кариера во областа на козметичката индустрија
  • Невработени лица кои сакаат да се квалификуваат за професија во козметологијата- Декоративен Маникир
  • Сите останати кои се незадоволни од досегашната своја квалификација и сакаат промена “ нова струка” а со тоа и можност за нова или дополнителна работа

Потребни предзнаења

Не е потребно – само воља и желба за лична промена и личен напредок

ВРЕМЕ / ЛОКАЦИЈА

Времетраење на курсот 3 недели ( 42часа практична обука +теорија)

Локација: Во просториите на Академија ЦЕС

Датум за почеток – веднаш по формирање на група!

СЕРТИФИКАТ

Кандидатите, кои успешно ќе го завршат курсот добиваат сертификат за стекнати знаења, вештини, способности и компетенции за професијата Естетичар за нокти.

Сертификатот има статус на државна диплома – признаена во земјата и во странство.

Разлика помеѓу државен сертификат и сертификат од фирма

Со државен сертификат можеш:

  • Да се вработиш како квалификуван естетичар за нокти- декоративен маникир
  • Можеш да отвориш сопсвен бизнис со лиценциран признаен сертификат
  • Да учиш по програма одобена според сите државни образовни стандарди
  • Нема да те прогонуваат инспекции, бидејќи ќе имаш лиценца за работа

Со сертификат од фирма

  • Неможеш да се вработиш како естетичар за нокти- декоративен маникир – бидејќи немаш соодветна лиценца
  • Добиваш сертификат само со печат од фирмата
  • Неможеш да отвориш сопствен бизнис бидејки немаш соодветна лиценца
  • Учиш по програма која не е одобрена од институција туку од некој кој сам ја напишал и пред се не е верификувана од надлежни институции.
  • Ке имаш проблем со инспекција- бидејќи немаш лиценца за работа
  • Сето тоа ќе резултира со губење време и насочување на паричните средства на несоодветно место, а времето ни е најдрагоцено нешто

ПРИЈАВУВАЊЕ НА ОБУКАТА

РЕДОВНА ЦЕНА НА ОБУКА – 24.000 ден

🎅 40% Новогодишно изненадување (14.400 ден) 🎅

ЦЕНА НА ОБУКА ЗА ПОПУСТ – 9.600 ден

Контакт телефон – (02) 3232 510, 075/225-539 или 078 339 502

ГАЛЕРИЈА

ОСТАНАТИ ОБУКИ

2020-11-16T14:36:14+00:00

Специјализирана обука за педикир

Факт е дека клиентите одат во козметички салони не само за да добијат најдобро негувано тело и лице, туку и затоа што имаат меѓусебен заеднички однос со својот козметичар кој е полн со разбирање и почит према нив и прави да се чувствуваат како звезди

2021-01-12T00:07:36+00:00

Специјализирана обука за најновата гел акрил техника & микс декоративни техники за цртање со акрилни бои

Гелакрил е техника која ги опфаќа најпозитивните особености од двете техники со цел олеснување и забрзување на процесот за изработка на нокти.

2021-01-12T00:07:15+00:00

Специјализирана обука за естетичар за депилација

За време на обуката ќе научите што значи професионален однос кон клиенти, успешна и квалитетна комуникација, како да изградите добар имиџ на салонот и да остварите успешно работење.

2020-12-29T00:40:32+00:00

Обука за фризер

Обуката за Женски Фризер опфаќа обука на учесниците за целосно изучување на фризерскиот занает, од основите на занимањето, обликување на коса, техники на фенирање, шишање, бојадисување како и правење фризури, се разбира тоа е само дел од знаењето и вештините кои ќе ги совлада секој слушател.

2020-11-16T14:49:56+00:00

Обука за трајно исцртување на веѓи

Досегашната техника за нанесување на трајна шминка на веѓите со исцртување на две тенки линии со апарат, веќе е надмината. Чекор напред е направен со т.н. јапонска техника за трајно исцртување на веѓи.

2020-12-29T21:40:39+00:00

Обука за козметичар за нега на лице и тело

Обуката за Козметичар за нега на лице и тело се реализира по програма верификувана од Центарот за образование на возрасни и Министерството за образование на Северна Република Македонија Добиениот сертификат од оваа обука има статус на државна диплома.