Project Description

Современиот познавач на храна е софистициран и едуциран, а побарувачката за локални и одржливи извори на храна никогаш не била поважна. Кога ќе ја добиете верификувата диплома, ќе имате искуство да се претставите на пазарот на трудот  со повеќе знаење и експертиза, па дури и да отворите свој локал. Ако барате да го претворите Вашето готвење во кариера или ако сте заинтересирани да ја преземете Вашата веќе импресивна кулинарна вештина на следното ниво, нашата програма за ГОТВАЧ-УГОСТИТЕЛ ќе Ви го овозможи тоа.

Тренинг центар ЦЕС обучува стручен кадар во оваа област на високо ниво, што претставува одлична појдовна точка за секој кој сака да се бави со овој профитабилен бизнис. Дозволете на професионалци да се погрижат за Вас и да ви ја дадат потребната обука .

Направете го првиот чекор и пријавете се за оваа обука. Другото е наша грижа.

ЦЕС како дел од програмата Еразмус + спроведува стручни обуки и надвор од земјата, па така голем број кандидати кои поминале обука во ЦЕС имаат можност на посетат напредна обука за готвач, слатка, пекар и сл.во Европска држава како Италија, Португалија, Бугарија, Германија и.т.н  да добијат европски сертификат, да стекнат дополнителни напредни вештини и знаења за овие професии, да разменат интернационално искуство, и со тоа да бидат конкурентни на пазарот на труд и привлечни за работодавците.

Опис на програмата

Програмата овозможува оспособување на кандидатите за ГОТВАЧ-УГОСТИТЕЛ и опфаќа стручно- теоретски предавања кои се реализираат во училница/кабинет и се во функција на вовед во практичната обука која ќе се изведува во опремена кујна. Oбуката ја изведуваат реномирани наставници со повеќегодишно искуство  . Програмата за Готвач-угостител овозможува учесниците низ теоретска и практична настава да се запознаат со:

  • организација на работа во угостителските кујни,
  • организацијата на работниот простор,
  • заштита и безбедност при работа ,
  • опремата и инвертарот – намена и начин на одржување,
  • ракуваат со опремата и инвентарот,
  • стручната терминологија,
  • самостојно да ги извршуваат работните задачи,
  • совладување на готварските вештини који се однесуваат за подготовка на:
    • супи,
    • консоме,
    • чорби,
    • потажи
    • ладни предјадења ,
    • топли предјадења,
    • сосови и фондови,
    • јадења од риба,
    • готвени јадења,
    • печења,
    • јадења по порачка,
    • јадења на скара,
    • варива и гарнири,
    • јадења од националната кујна,
    • диеталната,вегетеријанската и безглутанската кујна.

Во текот на обуката ќе  се посвети вниманије и на начинот како се сервира,арачжира и декорира јадењето . Резултатите од обуката ќе се евидентираат во портфолиа који ќе бидат изработени засебно за секој учесник.

Придонесот на туризмот во економијата на Македонија е значаен, првенствено изразен преку учеството во создавањето на БДП (1.25%) и особено во генерирањето нови работни места (3.4%).

Меѓутоа, компаративната анализа покажа дека сѐ уште постои простор за унапредување на девизниот прилив од туризмот (само 1%), што бара преземање мерки и активности за привлекување поголем број странски туристи.

Последователно, со цел да се согледа целокупниот придонес на туризмот во економијата на Македонија, неопходно е во рамки на Системот на национални сметки да се изработи Туристичка сателитска сметка. На тој начин, од една страна би се добила прецизна слика за директните и индиректните ефекти од туризмот, а од друга страна, би се овозможило меѓународна споредливост на постигнувањата од туризмот.

Поради многубројните потешкотии и ограничувања во поглед на обезбедувањето сеопфатни и проверени статистички податоци, особено на ниво на туристичката индустрија, реалното оценување на влијанието на туризмот врз економијата на Македонија е многу отежнато и речиси неостварливо. Изработка на специјален статистички систем – туристичка сателитска сметка, кој би обезбедил навремено, целосно и точно следење на приходите од туризмот по сите основи, што би дало и реална слика за вкупните приходи од туризмот како значен дел од Бруто домашниот производ. Со ваков проблем се соочуваат повеќето земји во регионот

Согласно сето ова се констатира дека со развој и поддршка на туризмот во Македонија, како и обезбедување на условите за негов развој, се стимулира развој на регионот воопшто. Туристите транзитираат низ земјите од опкружувањето, изградбата на патната инфраструктура значи поврзување и со инфраструктурата од регионот, воведување на нови авио линии и поврзување по воздушен пат со земјите од Балканот и југо источна Европа значи олеснет, брз и ефикасен транспорт.

Влијание врз вработеноста во Угостителството и туризмот со сета своја комплексност има огромно влијание врз вработеноста на населението. Ова економско влијание, всушност се совпаѓа со една од целите на економското планирање на развојот на туризмот, а тоа е неговиот придонес во намалувањето на невработеноста вложување во градење капацитети и се поголема интернационализација, размена на европски практики и искуства

Истражувањата насекаде низ светот укажуваат на фактот дека, туризмот не е структуриран да апсорбира и квантифицира работна сила само директно, туку и индиректно. Притоа, како директно вработување, се дефинираат сите работни места кои се создадени специфично и наменски, само за потребите на туристичката понуда и за задоволување на потребите на туристите. Така, како карактеристичен пример за директно вработување во туризмот се смета создавањето работни места кои се јавуваат, на пример, со отворање хотел. Исто така, тука се вбројуваат и сите вработувања во туристичките претпријатија, приватното сместување, основните и дополнителните сместувачки капацитети, вработувањата во туроператорите и сл. Меѓутоа, туризмот, од друга страна, користи услуги и од другите стопански дејности, при што се создава таканарелена индиректна вработеност. Тоа всушност значи вработување во други дејности, кои пак, на индиректен начин учествуваат во задоволувањето на туристичките потреби. Така на пример, сите оние работни места за изградба на хотел за посетителите, претставуваат индиректна поврзаност со туризмот. Оттука и вработените во занаетчиството, земјоделството, комуналиите и сл. претставуваат индиректна вработеност предизвикана од туризмот.

Значи, туризмот се јавува како основен фактор на побрз стопански развој и ангажирање на работоспособно население. Притоа, често се вели дека работната сила ангажирана во туризмот е нискоквалификувана и дека доминира женската работна сила, што претставува своевиден куриозитет.

Истовремено, бројот на вработените варира, првенствено поради неговата специфичност позната како сезонски карактер, односно ангажирање работници кои работат само во текот на туристичката сезона. Се разбира, тоа од друга страна предизвикува одредени економски, организациони и социјални негативности. Сè тоа значително влијае врз оживување на стопанската активност во конкретни туристички земји и подрачја, како и на зголемување на животниот стандард на населението кое таму живее.

Треба да се додаде дека, вработувањето во туризмот е значајно и заради фактот што, во фаза на економска рецесија на земјата, туристичкиот сектор станува еден од главните извори на вработување. Меѓутоа, комплексната природа на туризмот, оневозможува прецизно да се измерат влијанијата на туризмот врз вработеноста. Дури и во развиените земји, вистинскиот број на вработени во туризмот се проценува. Притоа, често се случува само вработените во хотелиерството и ресторанството да се сметаат како “главни” носители на вработувањето во туризмот. Се разбира дека таквиот пристап е несоодветен и изобилува со многубројни недостатоци.

Меѓутоа, во недостаток на веродостојни податоци за целата туристичка земја, како единствен применлив пристап за проценување на вработеноста во туризмот, е примената на наменски истражувања. Но, иако ваквите истражувања најчесто се едноставни за спроведување, сепак треба да се наспомене дека ја занемаруваат индиректната вработеност во туризмот, па не ги вклучуваат останатите дополнителни вработувања на сите, кои учествуваат на страна на туристичката понуда.

Доколку се сака да се добијат попрецизни податоци, неминовно мора да се спроведат специјални проценки, првенствено за очекуваната туристичка побарувачка, како би можело да се изнајде одговарачки сооднос за вработувањата во туризмот. Поради тоа, овие истражувања претставуваат добра oснова за спроведување на процесот на туристичко планирање. За економистите, како многу интересно, се споменува прашањето за ефикасноста од креирање нови работни места. Имено, веќе дефиниравме дека туризмот постојано создава нови работни места и дека претставува трудоинтензивна дејност.

СОДРЖИНА НА ОБУКАТА

  • МОДУЛ 1. ОРГАНИЗАЦИЈА И ФУНКЦИОНИРАЊЕ НА КУЈНАТА.
  • МОДУЛ 2. ТЕХНОЛОГИЈА НА ГОТВАРСТВОТО
  • МОДУЛ 3. СУПИ,КОНЗОМЕА,ЧОРБИ И ПОТАЖИ
  • МОДУЛ 4. ЛАДНИ,ТОПЛИ ПРЕДЈАДЕЊА,СОСОВИ И ФОНДОВИ
  • МОДУЛ 5. ЈАДЕЊА ОД РИБИ , РАКОВИ И МОРСКИ ПЛОДОВИ
  • МОДУЛ 6. ЈАДЕЊА ОД МЕСО , ГАРНИРИ И ПРИЛОЗИ
  • МОДУЛ 7. ВЕГЕТЕРИЈАНСКА,ВЕГАНСКА,ДИЕТАЛНА И БЕЗГЛУТЕНСКАТА КУЈНА

ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА

  • За лица кои би сакале да работат во рамките на некоја компанија како ГОТВАЧ-УГОСТИТЕЛ
  • За сите оние кои сакаат да се преквалификуваат за подобро и поисплатливо занимање;
  • За фирми кои сакаат да ги обучат своите вработени;
  • За вработени кои сакаат да стекнат дополнително знаење и да напредуваат во кариерата;

ВРЕМЕ / ЛОКАЦИЈА

  • Почеток на обуката:  Веднаш по формирање на група.
  • Каде:   Во  просториите на Академија ЦЕС.

СЕРТИФИКАТ

СЕРТИФИКАТ

Кандидатите, кои успешно ќе го завршат курсот добиваат сертификат за стекнати знаења, вештини, способности и компетенции за професијата Готвач-угостител.

Сертификатот има статус на државна диплома – признаена во земјата и во странство.

Разлика помеѓу државен сертификат и сертификат од фирма

Со државен сертификат можеш:

  • Да се вработиш како квалификуван Готвач-угостител
  • Можеш да отвориш сопсвен бизнис со лиценциран признаен сертификат
  • Да учиш по програма одобена според сите државни образовни стандарди
  • Нема да те прогонуваат инспекции, бидејќи ќе имаш лиценца за работа

Со сертификат од фирма

  • Неможеш да се вработиш како Готвач-угостител – бидејќи немаш соодветна лиценца
  • Добиваш сертификат само со печат од фирмата
  • Неможеш да отвориш сопствен бизнис бидејки немаш соодветна лиценца
  • Учиш по програма која не е одобрена од институција туку од некој кој сам ја напишал и пред се не е верификувана од надлежни институции.
  • Ке имаш проблем со инспекција- бидејќи немаш лиценца за работа
  • Сето тоа ќе резултира со губење време и насочување на паричните средства на несоодветно место, а времето ни е најдрагоцено нешто

ПРИЈАВУВАЊЕ НА ОБУКАТА

Добиениот сертификат од оваа обука е признаен во земјата и во странство

Контакт телефон –078 339 502  или  (02) 3232 510 

Академија ЦЕС како дел од програмата Еразмус + спроведува стручни обуки и надвор од
земјата, па така голем број кандидати кои поминале обука во Академија ЦЕС имаат
можност на посетат напредна обука за готвач, слаткар, пекар  и слично во европска
држава како Италија, Португалија, да добијат европски сертификат, да стекнат
дополнителни напредни вештини и знаења за професијата, да разменат
интернационално искуство, и со тоа да бидат конкурентни на пазарот на труд и привлечни
за конкуренцијата.

ГАЛЕРИЈА

Сподели ја обуката:

ОСТАНАТИ ОБУКИ

2022-05-26T15:05:24+02:00

Специјализирана обука за педикир

Факт е дека клиентите одат во козметички салони не само за да добијат најдобро негувано тело и лице, туку и затоа што имаат меѓусебен заеднички однос со својот козметичар кој е полн со разбирање и почит према нив и прави да се чувствуваат како звезди

2022-06-21T11:00:19+02:00

Специјализирана обука за најновата гел акрил техника & микс декоративни техники за цртање со акрилни бои

Гелакрил е техника која ги опфаќа најпозитивните особености од двете техники со цел олеснување и забрзување на процесот за изработка на нокти.

2022-06-21T11:05:02+02:00

Специјализирана обука за естетичар за депилација

За време на обуката ќе научите што значи професионален однос кон клиенти, успешна и квалитетна комуникација, како да изградите добар имиџ на салонот и да остварите успешно работење.

2022-06-21T10:57:55+02:00

Обука за фризер

Обуката за Женски Фризер опфаќа обука на учесниците за целосно изучување на фризерскиот занает, од основите на занимањето, обликување на коса, техники на фенирање, шишање, бојадисување како и правење фризури, се разбира тоа е само дел од знаењето и вештините кои ќе ги совлада секој слушател.

2022-06-21T11:05:20+02:00

Обука за козметичар за нега на лице и тело

Обуката за Козметичар за нега на лице и тело се реализира по програма верификувана од Центарот за образование на возрасни и Министерството за образование на Северна Република Македонија Добиениот сертификат од оваа обука има статус на државна диплома.

2022-06-21T11:08:38+02:00

Обука за јапонско исцртување на веѓи/microblading+пудер техника/сенчење

Досегашната техника за нанесување на трајна шминка на веѓите со исцртување на две тенки линии со апарат, веќе е надмината. Чекор напред е направен со т.н. јапонска техника за трајно исцртување на веѓи.