Project Description

Дали Вие сте личност која со  својот шарм ги освојува сите околу себе? Дали сакате да работите во динамична средина која е возбудлива и придонесува за развивање на Вашите вештини?

Дозволете ни преку нашата обука за КЕЛНЕР/КЕЛНЕРКА да Ве воведеме во една поинаква приказна во која Вие ќе бидете главниот јунак, којшто ќе биде тимски играч и со позитивна енергија ќе ги привлече гостите и ќе направи да се почувствуваат повеќе од добредојдени. Направете го првиот чекор и со наша помош станете професионалец во областа. Подарете им насмевки на луѓето и остварете приход!

НЕ ЗАСТАНУВАЈТЕ ДОДЕКА НЕ БИДЕТЕ ГОРДИ НА СЕБЕСИ!

Главна цел на програмата е учесникот да стекне компетенции за примена на основните техники на угостителското послужување како и правилно користење на опремата и инвентарот за послужување. Начинот на реализација на програмата е преку практична и теоретска обука. Теоретскиот дел од програмата ќе се изведува неколку пати неделно во договор со учесниците, а практичниот дел ќе се изведува со утврдена динамика

Теоретската обука се одвива во специјализирани простории во рамките на компанијата под менторство на професор,а практичната обука во рамките на компанија за време на која на учесниците ќе им биде доделен ментор вработен во компанијата.
Вреднувањето на постигнувањата на учесниците се спроведува по завршувањето на теоретскиот дел преку проверка на знаење со цел споредба на знаењето пред и по теоретската обука а по завршувањето на практичната обука следи и завршен испит преку кој ќе се дефинираат стекнатите вештини и компетенции.

СОДРЖИНА НА ОБУКАТА

Опис на програма:

  • Грижа за гостите и нивните барања;
  • Обезбедување брза и ефикасна услуга;
  • Одржување добра репутација на хотелот/ресторанот;
  • Комуникативност со гостите и останатиот персонал;
  • Изгледот на келнерот;
  • Услужност;
  • Познавање на работа со наплата;
  • Работа со пари и нарачки;
  • Работна организација;
  • Улогата на келнерот во угостителството и природа на неговата работа;
  • Прв впечаток, однесување, контакт со гости, униформа;
  • Етички кодекс во меѓународното угостителсто;
  • Тимска работа и деловна комуникација меѓу вработените за време на работно време;
  • Однесување кон гости за време на нивниот престој во хотелот;
  • Правила на однесување односно што треба, а што не треба да работи професионален келнер;
  • Бакшиш;
  • Непријатни ситуации;
  • Правилно поставување на приборот,чинии и маси – практична обука;
  • Правилно носење послужавник, чаши, чинии и прибор – практична обука;
  • Прв настап и прием на гости – практична обука.

По завршување на обуката кандидатите се способни да:

  • Ги познава основите на хотелското и угостителското работење;
  • Користи правилен начин на употреба и одржување на средствата за работа;
  • За основи на правилно чување на храната и хигиенски стандарди;
  • Воспостави правилен начин на комуницирање со клиентите;
  • Воспостави начин на поставување на масата;
  • Зема порачки и начин на сервирање на храната и пијалаците;
  • Го одржува инвентарот во барот (апарати, чаши, пијалаци и др);
  • Врши контрола на издадени сметки и контрола на квалитетот на услугата;
  • Применува основи на прва помош и заштита при работа.
  • Планира, подготвува и изведува работи во угостителските објекти;
  • Врши проверка на квалитетот на извршената работа;
  • Организира и сервира ресторанска маса за вечера или ручек по избор од листата на јадења или по утврдено мени;
  • Користи опрема и инвентар потребен при послужувањето на јадењата и пијалаците;
  • Применува во практика правила при послужување на различни видови дневни оброци;
  • Применува правила за сервирање на маси за свадба;
  • Презентира гастрономски правила пред гостинот;
  • Применува прописи за заштита при работа и заштита на животната средина;
  • Издава и наплатува сметка за извршената услуга.

ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА

  • За лица кои би сакале да работат во рамките на некоја компанија како келнери;
  • За сите оние кои сакаат да се преквалификуваат за подобро и поисплатливо занимање;
  • За фирми кои сакаат да ги обучат своите вработени;
  • За вработени кои сакаат да стекнат дополнително знаење и да напредуваат во кариерата;

ВРЕМЕ / ЛОКАЦИЈА

  • Почеток на обуката:  Веднаш по формирање на група.
  • Каде: Во просториите на Академија ЦЕС.

ПРИЈАВУВАЊЕ НА ОБУКАТА

Контакт телефон – (02) 3232 510 или 078 339 502

Сподели ја обуката:

ОСТАНАТИ ОБУКИ

2022-05-26T15:05:24+02:00

Специјализирана обука за педикир

Факт е дека клиентите одат во козметички салони не само за да добијат најдобро негувано тело и лице, туку и затоа што имаат меѓусебен заеднички однос со својот козметичар кој е полн со разбирање и почит према нив и прави да се чувствуваат како звезди

2022-06-21T11:00:19+02:00

Специјализирана обука за најновата гел акрил техника & микс декоративни техники за цртање со акрилни бои

Гелакрил е техника која ги опфаќа најпозитивните особености од двете техники со цел олеснување и забрзување на процесот за изработка на нокти.

2022-06-21T11:05:02+02:00

Специјализирана обука за естетичар за депилација

За време на обуката ќе научите што значи професионален однос кон клиенти, успешна и квалитетна комуникација, како да изградите добар имиџ на салонот и да остварите успешно работење.

2022-06-21T10:57:55+02:00

Обука за фризер

Обуката за Женски Фризер опфаќа обука на учесниците за целосно изучување на фризерскиот занает, од основите на занимањето, обликување на коса, техники на фенирање, шишање, бојадисување како и правење фризури, се разбира тоа е само дел од знаењето и вештините кои ќе ги совлада секој слушател.

2022-06-21T11:05:20+02:00

Обука за козметичар за нега на лице и тело

Обуката за Козметичар за нега на лице и тело се реализира по програма верификувана од Центарот за образование на возрасни и Министерството за образование на Северна Република Македонија Добиениот сертификат од оваа обука има статус на државна диплома.

2022-06-21T11:08:38+02:00

Обука за јапонско исцртување на веѓи/microblading+пудер техника/сенчење

Досегашната техника за нанесување на трајна шминка на веѓите со исцртување на две тенки линии со апарат, веќе е надмината. Чекор напред е направен со т.н. јапонска техника за трајно исцртување на веѓи.