Project Description

Дали сте размислувале да бидете стожерот на случувањата во некој бар, паб или можеби ресторан. Нашата обука за сервир/сервирка може да Ви го овозможи тоа. Ако сте темпераментна личност која сака да е во центарот на многу случувања, ако сте позитивни и имате желба да сте во таа сфера на случувањата тогаш ова е одлична прилика за Вас. Со оваа обукаа ќе имате прилика да ги научите сите аспекти од ова занимање, како да станете професионалец во тоа што го работите и како да Ве исполнува тоа што го работите!

Обуката за сервир/сервирка е наменета за сите возрасти, а посебно за сите оние кои се заинтересирани да работат во угостителско-туристичката дејност. Обуката  опфаќа соодветна подготовка и начин за совладување на сите неопходни техники и знаења потребни за квалитетно извршување на ова угостителско занимање. Постои широк дијапазон на можности за вработување во оваа струка: градинки, училишта со кујни, училишни мензи, ученички домови, домови за стари лица, болници, кампови, кујни на големи угостителски објекти и хотели во земјата и странство.

Со оглед на тоа дека овој вид работа е тесно поврзана за комуникација со различни социјални категории луѓе, нашата обука за сервир/сервирка посветува посебно внимание на мотивирање на кандидатите за да можат да го прилагодат својот пристап кон дадените ситуации и кај себе да развијат комуникациски способности. Дозволете ни да Ве запознаеме поблизу и да Ви помогнеме да го направите првиот чекор кон постигнување на Вашата цел!

НАПРАВЕТЕ ГО ПРВИОТ ЧЕКОР И ЌЕ ГО ДОСТИГНЕТЕ ПОСАКУВАНИОТ РЕЗУЛТАТ!

Работејќи како Сервир/Сервирка, Вие ќе бидете одговорни за гостите да бидат услужени според стандардите на компанијата во која ќе работите. Ќе бидете одговорни во секој момент гостите да ја доживеат пријатната атмосфера во локалот, пружајќи им чувство на пријатност, удобност и релаксација. Ова занимање исто така подразбира објаснување на пијалоци, состав на коктели, видови на кафиња, земање нарачки и професионално доставување на истите.

Ќе имате можност од запознавање на многу најразлични личности што ќе Ви помогне за развивање на вештини во однос на перцепција, мулти таскинг итн. Ова занимање може да биде првиот чекор во понатамошна кариера и повисоки работни позиции. Само треба да имате желба и упорност.

СОДРЖИНА НА ОБУКАТА

По завршување на обуката кандидатите се способни да:

  • Одговорност и функција на сервир/сервирка;
  • Гости (различни категории гости);
  • Контролираат квалитет
  • Примена на процедури на нарачување
  • Применуваат сугестивна продажба;
  • Користат различни начини на послужување (носење послужавник, страни за приод на гости, проследување нарачки, спремање на маса во присуство на гости);
  • Презентираат сметка;
  • Имаат правилен пристап и комуникација;
  • Применуваат различни начини на препорачување на понудите на гостите;
  • Комуницираат со колекти;
  • Водат сметка за изгледот на персоналот;
  • Применуваат мерки за заштита при пработа;
  • Пружаат прва помош на гости/колеги во случај на повреда.

ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА

  • За лица кои би сакале да работат во рамките на некоја компанија како сервири;
  • За сите оние кои сакаат да се преквалификуваат за подобро и поисплатливо занимање;
  • За фирми кои сакаат да ги обучат своите вработени;
  • За вработени кои сакаат да стекнат дополнително знаење и да напредуваат во кариерата;

ВРЕМЕ / ЛОКАЦИЈА

  • Времетраењето на програмата: 1 месеци по договор според утврдена динамика.
  • Почеток на обуката:  Веднаш по формирање на група.
  • Каде: Во просториите на Академија ЦЕС.

ПРИЈАВУВАЊЕ НА ОБУКАТА

Контакт телефон – (02) 3232 510 или 078 339 502

Сподели ја обуката:

ОСТАНАТИ ОБУКИ

2022-05-26T15:05:24+02:00

Специјализирана обука за педикир

Факт е дека клиентите одат во козметички салони не само за да добијат најдобро негувано тело и лице, туку и затоа што имаат меѓусебен заеднички однос со својот козметичар кој е полн со разбирање и почит према нив и прави да се чувствуваат како звезди

2022-06-21T11:00:19+02:00

Специјализирана обука за најновата гел акрил техника & микс декоративни техники за цртање со акрилни бои

Гелакрил е техника која ги опфаќа најпозитивните особености од двете техники со цел олеснување и забрзување на процесот за изработка на нокти.

2022-06-21T11:05:02+02:00

Специјализирана обука за естетичар за депилација

За време на обуката ќе научите што значи професионален однос кон клиенти, успешна и квалитетна комуникација, како да изградите добар имиџ на салонот и да остварите успешно работење.

2022-06-21T10:57:55+02:00

Обука за фризер

Обуката за Женски Фризер опфаќа обука на учесниците за целосно изучување на фризерскиот занает, од основите на занимањето, обликување на коса, техники на фенирање, шишање, бојадисување како и правење фризури, се разбира тоа е само дел од знаењето и вештините кои ќе ги совлада секој слушател.

2022-06-21T11:05:20+02:00

Обука за козметичар за нега на лице и тело

Обуката за Козметичар за нега на лице и тело се реализира по програма верификувана од Центарот за образование на возрасни и Министерството за образование на Северна Република Македонија Добиениот сертификат од оваа обука има статус на државна диплома.

2022-06-21T11:08:38+02:00

Обука за јапонско исцртување на веѓи/microblading+пудер техника/сенчење

Досегашната техника за нанесување на трајна шминка на веѓите со исцртување на две тенки линии со апарат, веќе е надмината. Чекор напред е направен со т.н. јапонска техника за трајно исцртување на веѓи.