Програма Леонардо да Винчи
– стручно образование и обука
Програмата за доживотно учење: можности за образование и обука за сите. Програмата за доживотно учење на Европската комисија им овозможува на луѓето во сите фази од нивниот живот да учествуваат во стимулирање на искуства за учење, како и помагање во развојот на секторот за образование и обука низ цела Европа.
Leonardo da Vinci Programme
– Vocational Education and Training
The Lifelong Learning Programme: education and training opportunities for all. The European Commission’s Lifelong Learning Programme enables people at all stages of their lives to take part in stimulating learning experiences, as well as helping to develop the education and training sector across Europe.
Студиска посета во Шведска, во рамките на програмата Леонардо да Винчи за Стручно образование и обука
Во текот на 2013 година, проектниот тим од Тренинг центарот ЦЕС, и претставници од секторот за развој на курикулуми за стручно образование и обука, остварија три дневна посета на организацијата АБФ од Шведска, со цел да се разменат искуства, добри практики и да се разгледаат можностите за идна стратегиска соработка, со фокус на секторот за лични услуги-Козметичар за нега на лице и тело, масер за козметичка масажа итн
АБФ е еден од најголемите тренинг центри во Шведска, кој работи во делот на образование за возрасни лица. АБФ е најголемата асоцијација за либерално образование за возрасни во Шведска. Кратенката се АБФ потекнува од Arbetarnas Bildningsförbund (Здружение за образование на работници).
Целта на либералното образование за возрасни е да промовира развој на поединците и да обезбеди образование и обука што ја поддржува кохезијата на општеството, еднаквоста и активното граѓанство, засновано врз принципот на доживотно учење. Суштински аспект на либералното образование на возрасните е дека секој има право да аплицира за да учествува во истото. Ваквото образование не обезбедува диплома или квалификација, која е регулирана со законодавството. Давателите на образовни услуги, ги определуваат целите и содржината на студиите. Како вакви провајдери на образование за возрасни се јавуваат локалните власти, заедничките општински власти, здруженија, фондации и компании.
Демократијата, различноста, правдата и еднаквоста се темелите на работењето на АБФ. Во рамките на АБФ егистираат 52 локални / регионални гранки и национален Секретаријат. Секретаријатот го поддржува растот на активностите во рамките на организацијата, работејќи сеопфатно во областа на културата, интеграцијата, здравството, синдикатите, политиката, меѓународните студии и прашањата за инвалидитетот.
Посетата беше поддржана од програмата Леонардо да Винчи, која што е интегрален дел од програмата Доживотно учење и поддржува секакви форми на стручно образование и обука. Програмата Леонардо да Винчи го поддржува развојот на вештини и обука, финансира работни места за специјализанти, работници и вработени и поддржува европски проекти за развој на наставни програми и обука. Исто така, поддржува иновации и подобрувања во системите и практиките за стручно образование и обука. Оваа програма на децентрализирано ниво ја администрира Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.
Study visit in Sweden, within the Leonardo da Vinci Programme for Vocational Education and Training
In 2013, the project team from CES Training Centre and the CES VET team for curricula development, realized a three-day visit to the organization ABF from Sweden, in order to exchange experiences, good practices and to review opportunities for future strategic cooperation, with a focus on the personal services sector – beautician for face and body care, cosmetic masseur, etc.
ABF is one of the largest training centres in Sweden, working in the field of adult education. ABF is Sweden’s largest adult liberal education association. The abbreviation stands for Arbetarnas Bildningsförbund (Workers ’Educational Association).
The purpose of liberal adult education is to promote people’s versatile development and provide education and training that supports the cohesion of society, equality and active citizenship based on the principle of lifelong learning Essential aspect of liberal adult education is that everyone has the right to apply to take part in it. The education does not provide a degree or qualification, and its content is not governed by legislation. Education providers make all decisions on the objectives and content of the studies. Local authorities, joint municipal authorities, associations, foundations and companies appear as liberal adult education providers.
Democracy, diversity, justice and equality are the foundations of ABF’s operations. There are 52 local/regional branches and a national Secretariat within the ABF. The Secretariat supports the growth of operations within the ABF organization, working comprehensively in the fields of culture, integration, health, trade unions, politics, international studies and issues of disabled people.
The visit was supported by the Leonardo da Vinci Programme, which is an integral part of the Lifelong Learning Programme and supports all forms of vocational education and training. Leonardo da Vinci Programme supports the development of skills and training, funds job positions for apprenticeships, internships and employees and supports European curriculum development and training projects. It also supports innovations and improvements in vocational education and training systems and practices. This decentralized programme is administered by the National Agency for European Educational Programmes and Training.
Сподели ја обуката:
ОСТАНАТИ ПРОЕКТИ
YOUTH IN THE WORLD
Овој проект имаше за цел едукација на млади лица во насока на следење и користење на можностите креативно користење на ресурсите од нивната околина, превземање претприемачки иницијативи со иновативен пристап во комбинирање на три важни елементи во развојот на младинското претприемништво
WINBIZ
Интеграцијата на жените мигранти или жените со незападно потекло во европскиот контекст е суштински чекор кон постигнување на целта за зголемување на стапката на вработеност во ЕУ на 78%, како што се бара во Стратегијата Европа 2030 година. Општо земено, вработувањето на мигрантите може да има силно влијание врз растот и БДП во европски земји, како што покажуваат бројните студии во овој сектор.
We Cook-IN
Проектот има за цел да ги интегрира луѓето со мигрантско потекло преку подигнување на нивните готвачки вештини и програми за обука кои се дизајнирани спрема потребите на целната група. Главната цел на проектот е да се промовира социјалната вклученост и да се унапредат луѓето со мигрантско потекло во општествата земјите каде престојуваат преку нивно вклучување на пазарот на трудот во секторот HORECA/Угостителство.
THE SKILLS THAT PAY THE BILLS
Проектот “СО ВЕШТИНИ ДО ПОДОБРА ЗАРАБОТКА”(The skills that pay the bills”) имплементиран од страна на Академија Ц.Е.С – Македонија и партнерските организации Рагина-Бугарија и ВЕМ -Италија -финансиран од страна на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност од програмата – Еразмус+K 102
SKILLED COOKS AND WAITERS NETWORK
Проектот “Мрежа на вешти готвачи и келнери ”(Skilled Cooks and Waiters Network”) имплементиран од страна на Тренинг центар Ц.Е.С – Македонија и партнерските организации Insignare –Португалија и Egina –Italija поддржан од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност од програмата – Еразмус+ КА202 Стратегиски партнерства во стручно образование и обука.
Road to Employment
Проектот Пат кон вработување – Развивање нови вештини и знаења за невработените лица имплементиран од страна на Академија Ц.Е.С – Македонија и финансиран од страна на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност во Македонија – Еразмус+ 2014-2016
LEONARDO DA VINCI PROGRAMME
Програмата Леонардо да Винчи им помага на европските граѓани да се здобијат со нови вештини, знаења и квалификации и да ги признаат преку границите со цел да ја подобрат нивната способност за вработување при промена на пазарот на трудот.
INCLUSION OF WOMEN FROM ETHNIC COMMUNITIES IN THE LABOR MARKET
Овозможување на инклузивен пазар на труд во Македонија, каде што сите граѓани, вклучувајќи ги и оние од ранливите категории, ќе имаат еднаков пристап и можности.
IMPROVEMENT OF EMPLOYMENT POTENTIALS OF WOMEN
Општата цел на овој проект беше да се подобри потенцијалот на жените од специфични етнички заедници на пазарот на трудот и да се поддржи достигнувањето на тој потенцијал преку посредување и обезбедување обуки за вработување/ самовработување. Оваа акција придонесе за зголемена вработливост на невработените жени и следствено на тоа, влијаеше на намалување на стапката на невработеност, особено кај оваа категорија на попоулација.
GOOD FOOD IS GOOD MOOD
Проектот “СО ДОБРА ХРАНА ДО ДОБРО РАСПОЛОЖЕНИЕ ”(Good food is good mood”) имплементиран од страна на Академија Ц.Е.С – Македонија и партнерските организации Insignare –Португалија и Egina –Italija -финансиран од страна на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност од програмата Еразмус+, акција KА202 Стратешко партнерство во стручно образование и обука .
FOSTERING SOCIAL INCLUSION
Главната цел на која придонесе овој проект беше подобрување на вработливоста на жените на пазарот на трудот во Македонија, кои доаѓаат од ранливи групи. Таргетот беше насочен кон следните градови: Скопје -Општина Шуто Оризари со стапка на невработеност од 46%, Куманово со стапка на невработеност од 32%, Тетово со стапка на невработеност од 38% и Штип со стапка на невработеност од 28%. Целта беше подобрување на нивото на економска и социјална интеграција на невработените жени од малцинските етнички заедници, особено ромските, албанските и турските заедници.